Дотеран во смокинг заиграл сред метро и сите ги расположил
Замислете како во автобусот во кој секојдневно се возите секое утро до работа или училиште, наеднаш ви се појави маж во смокинг кој почнува да игра. Што би направиле?
Токму тоа се случило во метрото во Перт, а главен актер бил Австралиецот Питер Шарп (23). Тој влегол во вагон и им се обратил на сите патници.
- Не барам пари! Сакам само да ви пренесам малку среќа и тоа ќе го направам со мала танцувачка забава – изјавил и почнал да игра.
Она што следувало после тоа, на сите им го променил денот.
Но, танцувањето не е сè што се крие во оваа приказна. Шарп имал уште неколку пријатели во метрото кои ја знаеле приказната и му се придружиле во танцувањето, за да не изгледа како чудак.
Што е смислата на целиот проект?
- Не знам дали забележавте, но во градскиот превоз секогаш има некоја празнина меѓу луѓето. Мојата желба беше преку весел танц да ги израдувам и да им ја проширам перспективата. Сакав да им покажам какви можности им носи секој ден – објаснува Шарп, кој на јавноста ѝ е познат од порано по слични вакви акции.
Би сакале да го сретнете?