8 лаги во животот за кои сега се каете

Лагата не може да се прикрие, кога тогаш истата ќе биде откриена бидејќи вистината е таа што секогаш победува на крајот.

8-lagi-vo-zivotot-za-koi-sega-se-kaete-1

Без разлика дали ќе се тешите со смешните изреки од типот „На лагата кратки ѝ се нозете, затоа жените носат високи потпетици” или некоја слична на неа, фактот дека лагата има краток рок на траење може да го потврдат вашите сопствени лаги за кои се каете сега откако сте позрели.

Ова се 8 од нив кои најчесто сте ги користеле:

Добив десетка по сите предмети на факултет

Лага која најверојатно ја имаат слушнато сите родители на студентите. Можеби ќе поверуваат, но кога дипломата нема да биде во вашите раце на време, тогаш следува разочарување од кое сфаќате дека не било потребно да лажете.

Наместо да ги направите горди, вашите родители ќе ја изгубат довербата во вас, а лагата кога тогаш ќе биде откриена.


Не можев да дојдам, имав семејни проблеми

Вашите пријатели или роднини ве повикале на излет или на кафе сакајќи да ве видат и да ви посветат време и внимание, а вие себично сте ги одбиле поради тоа што сметате дека фризурата ви е лоша со изговорот “имав семејни проблеми”.

Срамот кој ќе го почувствувате на семејниот ручек после одреден период или кога ќе ги повикате пријателите дома ќе биде неизбежен, бидејќи хармонијата во домот ќе ја открие некогашната лага.


Сексот беше одличен

Не сакајќи да го разочарате партнерот сте го излажале дека сексот бил одличен. Одреден период сте трпеле незадоволство, но кога тогаш истото излезегло на виделина, а воедно и сте го повредите партнерот кој не го очекувал тоа.

Да не споменуваме дека и самите сте се лажеле во таа ситуација, а нема ништо полошо од глумата на задоволство во креветот.


Те сакам

Најлошата лага од сите е баш оваа. Доколку сте свесни колку ќе повредите личност со кажување на овие два зборови кои не ги мислите од срце, не ја употребувајте повеќе.


Јас сум ти најдобар пријател, верувај ми!

Сите во животот се имаат дружано со личност само од корист и извлекување на некоја информација. Се тешеле со тоа дека пријателите се чуваат блиску, но непријателите уште поблиску, не сфаќајќи дека тоа е само губење на време.

Подобро е да се фокусирате на вистинските пријатели отколку да уверувате некого кого не го подесувате дека е ваш најдобар пријател.


Ме боли глава, не излегувам

Сакате да излезете со друштво, а ја одбивате поканата за излегување од партнерот и обратно со изговорот “Ме боли главата, не излегувам”.

Вашата лага ќе биде откриена во наредните три часа доколку излезете бидејќи вие постојано ќе се обидувате да се скриете од партнерот или друштвото, а знаете дека кога човек не сака да биде виден, баш тогаш ќе го видат личностите од кои се крие.

Доколку сте ја искористиле оваа лага, најверојатно после тоа сте добиле вистинска главоболка.


Те немам изневерено

Сте го изневериле партнерот, а тој сомневајќи се ви го поставил прашањето - ме имаш ли изневерено?

Вие сигурно сте одговориле - НЕ и сте направиле грешка. Сега сфаќате дека доколку сте си дозволиле да изневерите некого тогаш воопшто не ви е гајле за него.

Нема потреба да лажете и да заспивате со немирна совест. Подобро е да се стави крај на врската која и онака некогаш ќе заврши.


Не лажам!

Лага која е најупотребувана во светот за различни намени. Не постои човек кој нема излажано во животот од различни причини.

Понекогаш е во ред да излажете за ситни работи, но кога се работи за поголеми работи кои најверојатно ќе бидат откриени, тогаш немојте воопшто да лажете.

Кога тогаш лагата ќе излезе на виделина, а вие ќе се каете.


Во која лага се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg