Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Трауми“ од детството: Остави го тоа е за гостите!

Се сеќавате на „траумите“ од детството кои ви ги предизвикале вашите родители за да ве воспитаат правилно?

traumi-od-detstvoto-ostavi-go-toa-e-za-gostite-01.jpg

Не се работи за лоши сеќавања, тоа се оние „трауми“ кои нè тераат да се насмееме од срце кога ќе се присетиме.

За момент, вратете се во деновите кога овие реченици беа секојдневие:

- Остави го тоа е за гостите!

- Ти трчаш околу масата, а мајкати ти ти вика „Застани, нема да те тепам!“

- Не смееш да играш во песокот со другарчињата... Се враќаш дома извалкан со песок и повторно го слушаш она „Застани, нема да те натепам!“

- Ако се вратиш дома 5 минути подоцна од дозволеното ќе спиеш во дворот!

- Ако те видам некогаш со цигара во рака, ќе ти ја изгасам од јазик!

- Кога ќе се вратам собата да ти биде средена.

- Не смееш да јадеш премногу чоколадо, чипс и лижавчиња, ќе ти се расипат забите.

- Седи мирен и гледај телевизија.

- Стави маица, блуза со кратки ракави, блуза со долги ракави, џемпер и палто. Студи надвор.

- Изеди го морковот, цвеклото, брокулата, гравот, леќата, супата...

- Заборави на џепарлакот ако имаш четворка во книшката.

- Учи математика, ќе ти треба! Како ќе одиш на пазар кога ќе пораснеш?

- Од кафето ќе ти порасне опашка.

- Немој да лажеш, носот ќе ти порасне како на Пинокио.

- Биди мирен, инаку Дедо Мраз оваа година нема да ти донесе подароци.

- Па што ако брат ти ја скрши чашата, ти си крив.

- Еве ти 50 денари, ама врати ми кусур.

Доколку се сетите на уште некоја „траума“ од детството слободно споделете ја со нас во коментарите!

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg