5 психолошки вежби кои ќе ви го променат животот

Постојат многу причини зошто да ги научите и примените овие едноставни вежби кои на многумина ќе им овозможат да се чувствуваат подобро, да се ослободат од лошите навики, а и да го зачуваат нервниот систем за работите на кои не можат да влијаат.

5-psiholoski-vezbi-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-01

Во животот на секој од нас постојат ситуации кога би требало да имаат повеќе трпение. Голем број луѓе се каат поради тоа што не можеле да почекаат да се случи нешто за што подоцна сфатиле дека би им го променило животот.

Ерата на дигитализацијата и интернетот нè навикна дека сè може да биде веднаш достапно, па не е чудно што сме станале толку нетрпеливи.

Покрај тоа, повеќето луѓе постојано се зафатени, брзаат од дома до работа, по децата, на тренинг, на состанок...постојано со истиот изговор дека немаат време да чекаат.

Сепак едно истражување на „Huffington Post“ покажува дека со неколку психолошки вежби секој може да стане трпелива личност.

Кога ќе научите да чекате, ќе станете и подобра личност. Применете ги овие 5  начини за да научите како да бидете потрпеливи и посреќни:

1. Вежбајте благодарност

Научно е докажано дека благодарноста нè прави среќни, нè ослободува од стресот и ни дава повеќе оптимизам, а помага и во вежбањето трпение.

„Оваа емоција ни овозможува поголема самоконтрола и ни открива како да ја отстраниме нетрпеливоста, а со тоа отвора и неслучајни можности за избегнување на болести како преголемо трошење, дебелеење и пушење.

5-psiholoski-vezbi-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-1.jpg

2. Дознајте што ве тера да брзате

Толку сме окупирани со листите на работи кои мора да ги направиме, поради што постојано брзаме.

Нашиот ум константно шета од мисла на мисла, од задача на задача, од една грижа на друга.

Живееме живот во постојано пресметување, мултитаскингот станува норма и сето тоа нè тера повеќе да брзаме.

Доколку сте свесни за своите мисли, можете многу подобро да решите некои работи во момент на брзање кога ви поминуваат милион мисли низ главата.

Запишете што сè треба да завршите и што од сето тоа ве прави нетрпеливи.

3. Натерајте се да чекате

Инстант задоволствата и исполнувањето на одредени обврски или потреби можеби изгледаат како најдобра опција во даден момент, но психолошките истражувања го докажуваат спротивното.

Тие покажуваат дека чекањето всушност нè прави среќни на подолго време, откако ќе ни се оствари конечно она што сме го посакувале.

Единствен начин за да стекнеме навика за нешто да чекаме и да уживаме во резултатите е да вежбаме.

Почнете со помали задачи: одложете го гледањето на омилената серија за викенд или почекајте 10 минути пред да го отворите чоколадото.

Многу брзо ќе откриете дека колку повеќе го вежбате трпението, толку повеќе ќе го применувате во други стресни ситуации.

5-psiholoski-vezbi-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-2.jpg

4. Прифатете ја неудобноста

Премногу често мислиме дека би требало да се приспособуваме на нешто, а кога ќе го искусиме она што не ни одговара, стануваме нетрпеливи поради околностите во кои се наоѓаме.

Но, треба да научиме непријатното да не го чувствуваме како толку многу непријатно, за да го зачуваме трпението.

Многумина мислат дека пријатно може да ни биде само она што можеме да го толерираме.

Научете да си кажете: „Ова е само непријатно, но не е неподносливо“. Многу полесно ќе поднесувате такви ситуации, наместо веднаш да се возбудувате“.

5. Дишете длабоко

Кога ви се чини дека ништо не ви помага, вдишете длабоко неколку пати. Оваа едноставна вежба има моќ да ви го смири и умот и телото.

Смирувачкиот ефект на длабокото дишење ќе ви помогне во ситуациите кога нормално би се изнервирале поради сообраќајниот метеж или некој што ќе ве изнервира.

5-psiholoski-vezbi-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg