Што се крие под вашето „Јас”?
Секој има свое “јас” кое го негува и надградува постојано, но некој воопшто не се грижи дали тоа ќе биде постојано во склоп на неговата возраст, искуство и вистинска личност.
Тоа "јас" кое го има секој човек во светот, значи одреден став кон работите, видикот на животот и однесувањето кон себеси и личностите кои го опкружуаваат.
Што се крие под вашето “јас”?
Дали вие се чувствувате дека вашето “јас” преовладува во вашиот живот или дозволувате останатите да го контролираат и да го преобразат од “јас” во “ние”?
Ова се неколку правила кои ќе ви покажат дали сте на вистинскиот пат или не:
- Секогаш знаете што сакате и како да го добиете тоа.
- Не оставате ништо на случајностa.
- Секогаш сте организирани и го планирате времето со што си овозможувате негово правилно и максимално користење.
- Знаете да им кажете “не” на луѓето без да објаснувате зошто.
- Кога некој ќе ве праша – Каде се гледате во наредните 5 години, вие точно знаете да ја опишете сликата која планирате во иднина да ја реализирате.
- Донесувате самостојни одлуки, но знаете да сослушате и примените искрен совет од блиска личност за кој сте свесни дека би ви помогнал во одлуките.
- Имате време за вашите пријатели, партнер, семејство, а најважно од се, имате време за самите себеси во кое знаете точно како да се релаксирате и да си го посветите максимално.
-Ги знаете своите мани и секогаш пробувате да ги подобрите недостатоците кај вас, но никогаш кај другите луѓе.
- Не осудувате, бидејќи знаете дека не поседувате моќ за негативно отценување на личностите во вашиот живот а и надвор од него. Тоа воопшто и не ве интересира.
- Знаете што точно сакате да поседува вашиот иден партнер.
- Не дозволувате некој друг да ги диктира правилата според кои ќе го живеете својот живот.
- Мислите дека правилно сте ја избрале својата моментална професија и знаете дека тоа е тоа што ве исполнува, во спротивно правите се за да сфатите што е тоа што ве исполнува и веднаш барате начин истото да го постигнете.
- Не им го правите на луѓето она што не би сакале тие да ви го направат вас.
- Се сакате себеси, и знаете дека тоа е најважно од се!
Доколку се пронајдовте во овие реченици, повеќе од сиурно е дека вие сте зрела, комплетна личност со свое силно јас кое е за пофалба.
Продолжете со исто темпо и секојдневно негувајте го тоа што го имате, а доколку не се пронајдовте, време е истите да ги запишете на лист хартија и да почнете да размислувате како тие можат да ви помогнат да дознаете што се крие во вашето јас.