Поради овие 5 грешки секое утро доцните!
Секое утро ви е хаотично, во брзање и трчање, а постојано не стигнувате на време. Доцните каде и да тргнете и тоа ви се случува секогаш колку и да се велите дека од утре веќе нема да биде така.
Но, она што е клучно, не е само времето што го покажува часовникот, туку и некои грешки кои секојдневно ги повторувате.
1. Користите повеќе производи за нега на кожата
Ако користите повеќе производи за нега на кожата , ќе ви треба време за секој одделно додека кожата го впие секој намачкан слој.
За да го решите овој проблем, најдете препарат кој во себе содржи барем уште 3 други состојки.
2. Многу се шминкате
Потрудете се да имате колку може поприроден изглед и наместо да нанесувате неколку видови пудра и неколку сенки во боја, користете нешто поедноставно, понежно.
Не трошете време на исцртување или боење на очите. Моливчето, маскарата и руменилото се сосем доволни.
3. Трошите многу време на ситници и детали
Кога се подготвувате наутро, запомнете дека не одите на вечерно излегување или дневна шема.
Треба да бидете уредни и дотерани, но не премногу. Не е неопходно да изгубите 20 минути сложувајќи ја нијансата на обетките со карминот, чантата, часовникот и чевлите.
Постојат и поуниверзални работи кои одговараат во сите комбинации.
4. Секојдневно ја миете косата
Освен што ви одзема многу време, секојдневното миење на косата не е препорачливо. Постојаната употреба на шампон ја прави покршлива и посува.
Но, ако морате да ја миете секој ден, барем правете го тоа навечер.
5. Неорганизирани сте
Еден од најдобрите начини за да заштедите време е да се организирате. Не ги расфрлајте сите козметички производи или парчиња облека на сите страни, така само ќе потрошите непотребно време додека најдете сè што ви е потребно. Најдобро е она што ви е потребно за следното утро да си го подготвите навечер.
Доколку ги избегнете овие 5 грешки сигурно ќе заштедите многу време, нема да доцните и ќе изгледате подготвено и свежо.
Би можело да ве интересира:





