8 корисни работи кои може да ги направите со ацетон

Ако мислевте дека ацетонот служи исклучиво за маникир - се лажете. Постојат повеќе начини на кои може да ја искористите оваа моќна течност, а ова се само дел од нив.

8-korisni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-aceton-01.jpg

8 најкорисни намени на ацетонот:

1. Отстранете ги флеките од порцеланот - Истријте ги флеките, а потоа исполирајте со парче памук. Порцеланот ќе светне за неколку секунди.

2. Отстранете ги флеките од мастило - Со ацетон може да го отстраните и водоотпорното мастило. На ткаенината или предметот ставете неколку капки ацетон, оставете го да делува, а потоа исперете со сапун и вода. Но, претходно проверете дали бојата на материјалот или предметот лесно се вади, така што ќе капнете ацетон на некое помалку видливо ќоше.

3. Отстранете ја бојата од прозорците - Во добро проветрена просторија нанесете ацетон на местата каде има капнато боја. Оставете го ацетонот да делува неколку минути, а потоа пребришете ги местата со влажна крпа.

4. Отстранете ги налепниците од стакло - Исчистете ги теглите, шишињата и сите стаклени површини со само неколку капки ацетон, кој ќе го истриете со погрубо парче материјал.

5. Исчистете го часовникот - Со ацетон може да ги отстраните малите гребаници од часовниците, но само ако површината на часовникот не е од пластика. Ставете малку ацетон на мека крпа и тријте неколку минути.

6. Отстранете го суперлепакот - Ако капнавте суперлепак на погрешно место, лесно ќе го отстраните ако на парче ткаенина ставите ацетон и го истриете местото. Истата постапка можете да ја примените и на кожата, но потоа добро измијте се.

7. Исчистете ги лакираните чевли - Изгледот на лакираните и светлите обувки брзо се уништува заради честото носење. За да исчезнат неколкуте гребатинки или флеки, нежно избришете ги целите чевли со мека крпа натопена во ацетон. Потоа, пребришете со влажна крпа или марамче.

8. Исчистете ја тастатурата - Најефикасен начин за чистење на копчињата од тастатурата е токму ацетонот, кој ќе го ставите на стара четка за заби. Добро истријте, а потоа пребришете со влажно марамче.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg