Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 чекори како да го поправите расположението ако имате лош ден

Сигурно ви се случува некои денови да се разбудите расположени и во форма, но има и денови кога навистина не би сакале да се поместите од креветот.

12-cekori-kako-da-go-popravite-raspolozenieto-ako-imate-los-den-01

Ваквите позитивни или негативни емоции, многу често немаат реален повод, како проблеми кои ве окупираат или некаква причина за славење. Но, овие лоши денови би можеле да станат уште полоши доколку пробате да ги анализирате своите лоши чувства.

Причините за лошото расположение најчесто се од физичка природа: недостаток на сон, низок шеќер или потребата за физичка активност. Тие исто така може да бидат и стрес, недостаток на забава, потреба за човечки контакт, недостаток на избор или грижа за другите луѓе.

Сепак сте само човек и во ред е да си дозволите да се чувствувате лошо, но доколку сакате да поправите нечие расположение, тоа може да го направите во 12 чекори:

1. Доколку причината за лошото расположение не е очигледна, престанете да се трудите да ја откривате.

2. Дишете длабоко и пијте многу вода.

3. Поправете го своето држење. Со менувањето на ставот на телото може да се поправи вашето расположение.

4. Не се силете во лошите денови. Дозволете им на емоциите и мислите да доаѓаат и да си заминуваат без осудување.

5. Доколку вообичаено го протрчувате денот, сега забавете: побавно возете, побавно одете и побавно зборувајте.

6. Доколку сте нерасположени и имате тенденција да останете такви, потрудете се повеќе да се движите.

12-cekori-kako-da-go-popravite-raspolozenieto-ako-imate-los-den-1.jpg

7. Трудете се со сите сетила да ги забележите сите добри  работи во денот: природата, насмевките, љубовта, љубезноста, музиката...

8. Прескокнете ги утринските и вечерните вести. Избегнувајте да читате или слушате за што било негативно.

9. Тој ден потрудете се да јадете здраво.

10. Остварете контакт со очи со луѓето со кои комуницирате. Тоа ќе создаде емотивна конекција која ќе ви го подобри расположението.

11. Опкружете се со луѓе кои ги сакате и дозволете нивната позитивна енергија да влијае на вас.

12. Кога ќе си го вратите расположението, обрнете внимание на она што ви помогнало да се чувствувате добро.

12-cekori-kako-da-go-popravite-raspolozenieto-ako-imate-los-den-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 луѓе со уникатни природни карактеристики или белези што ги прават посебни „Тоа што прстот ми е искривен конечно се исплати - во спротивно шајката ќе ми го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg