10 работи кои треба да престанете да ги правите ако не сакате залудно да си го потрошите животот

Ако подобро размислите, колку и да ви звучи клише, имате само еден живот кој за жал не го користите максимално.

10-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ako-ne-sakate-zaludno-da-si-go-potrosite-zivotot-01.jpg

Кога постарите ќе ги прашате дали жалат за нешто, ќе ви наведат барем 5 од овие 10 работи.

Затоа, поправете ја грешката пред да биде предоцна. Еве што сè правите погрешно, без да забележите:

1. Не го кажувате на глас она што го мислите

Ова е една од најчестите работи за кои ќе зажалите. Важно е да се изборите за себе и да им дадете на другите до знаење кои се вашите ставови.

Луѓето не знаат да читаат мисли, па ако сте искрени веројатно ќе го добиете она што го сакате. Плус, ќе привлекувате искрени луѓе кои ве ценат. Други не ви ни требаат!

2. Не верувате доволно во себе

Жените често пати се несигурни, за разлика од мажите, па тоа е проблемот заради кои постојано се прашуваат „дали правилно ја завршив работата?“

Се е во ставот - ако не верувате во себе, нема ни другите да ги уверите во тоа.

Пред да постигнете нешто, доволно е да се запрашате дали имате волја да се обидете.

3. Не се занимавате со она што го сакате

Многу луѓе денес работат добро платени работи без да уживаат во нив или пак лошо платени работни затоа што немаат избор. Но, ништо во животот не морате!

Секој заслужува да го прави она што го сака, па ако сте одлучни и сите аспекти од животот ги склопите како што треба, успехот и задоволството ќе дојдат „рака под рака.“

4. Не се грижите за здравјето

Се што сте правеле во младоста, се рефлектира на здравјето во староста. Сепак треба да го живеете животот, да каснете нешто слатко, да се напиете чаша вкусно вино, затоа што во тоа вистински уживате.

Но, не ги заборавајте знаците кои укажуваат на болен организам, мислејќи дека не ви е ништо.

Зошто само младоста да ви биде убава, кога може и староста?

5. Се замарате со ситници

Тешко е да не се изнервирате за гужвата во сообраќајот или ручекот кој не го погодивте, но запрашајте се колку тоа ќе ви биде важно утре?

Еден ден нема да се сеќавате ниту на ручекот кој го изгоревте, ниту на возачот кој ве заглавил.

Тоа е само една секунда или минута која не значи апсолутно ништо!

10-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ako-ne-sakate-zaludno-da-si-go-potrosite-zivotot-02.jpg

6. Луѓето кои ги сакате ги ставате на последно место

На саканите секогаш им го даваме најлошото од себе, додека за останатите се трудиме многу повеќе.

Се нервирате околу шефот и колегите, па им го посветувате целото време кое го имате, наместо да се релаксирате со личноста која постојано е до вас.

За промена, научете им кажете нешто убаво и бидете тука кога сте им потребни. Се останато е минливо, само потрудете се да не го сфатите тоа предоцна.

7. Носите маска за да ги воодушевите другите

Колку убави моменти пропуштивте, ставајќи ја маската на недопирлива личност?

Бидете онакви какви што сте и правете го она што го сакате. Ако одите против себе, благо кажано, запаѓате во тотално лудило.

8. Го правите она што другите го сакаат

Прво го правевте она што ви го кажуваа родителите, па учителите, па шефовите... До кога?

Компромисот е неопходен, но не по цена на нарушувањето на сопствената среќа. Научете да го склопите животот онака како вас ви одговара.

Не морате да имате деца ако не сакате, ниту пак да се омажите или ожените - тоа е ваша одлука, а не притисок од околината.

9. Не ги живеете моментите

Престанете да го чекате петокот кој следи или викендот, следната година или некој далечен настан... Живејте денес, искористете го само најдоброто од денот.

Сфатете дека вашата седмица трае 7 дена, не постојат само викендите.

10. Чекате работите сами да се случат

Сите имаме планови и цели, но ако не преземете ништо, тие нема да се исполнат.

Колку и да имате навика да ги одложувате нештата, ништо нема да ви падне од небо.

Ако нешто навистина сакате, подобро е да тргнете со мали чекори отколку да стоите во место.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg