Чудни работи кои жените ги прават кога се сами

Сите имаме свои мали тајни или малку чудни работи кои сакаме да ги правиме кога се целосно сами. Понекогаш тоа може да бидат и сосем обични работи, некогаш несвесни, а некогаш и работи кои не би ги правеле пред други или за кои не зборуваме, но уживаме додека сме сами.

koga-devojkite-se-sami-doma-01

1. Забава во долна облека

Што е првото нешто што сакате да го направите кога сте сами? Сигурно ја соблекувате облеката. Нема некој што барем еднаш не посакал да го почувствува чувството да се шета слободен и гол по дома. Ако не целосно голи, тогаш барем само по гаќички, додека откачувате на гласна музика.

2. Јадат нездрава храна

Супер е да се храните здраво, но сè што и е потребно на сама жена е многу чоколада или вкусна сочна пица, пржени пилешки прсти или сè заедно.

3. Гледаат репризи на омилените серии

Жените кога се сами сакаат да се вовлечат под ќебе и да ги гледаат репризните епизоди од омилените серии по стоти пат. Има нешто посебно во гледањето репризи, некое посебно чувство кога се исклучуваaт од реалноста и влегуваат во светот на ликовите.

koga-devojkite-se-sami-doma-2.jpg

4. Гласно слушање музика

Нема нешто подобро од слушањето на омилените песни најгласно пуштени додека танцувате низ цела куќа. Тоа најдобро се прави кога сте сами. Така се забавуваат, се чувствуваат силно и се ослободуваат од стресот.

5. Чистење и декорирање на куќата

Жените сакаат кога домот им е чист и организиран, а наједноставно им е да го одржуваат таков кога се сами и можат да направат сè што им е потребно без никој да им пречи.

6. Пробување облека

Омилена активност на многу девојки кога се сами дома им е пробување на облеката и правење модна ревија пред огледало.

7. Ритуали за разубавување

Премачкувањето со разни масла и лосиони, правењето домашни маски за лице и коса се исто така едни од омилените на девојките кога се сами дома. Не дека не можат да го прават тоа и кога има други, но полесно се опуштаат и се распостилаат низ целиот дом.

koga-devojkite-se-sami-doma-3.jpg

8. Вечераат сами

Сакаат да глумат софистицирани жени на кои не им е неопходен маж и се самоуверени да вечераат сами, па тоа им е најлесно да го направат дома и да си подготват некој специјалитет само за себе.

9. Гримаси пред огледало

Огледалото им е омилено на девојките, особено кога се сами. Некои си ја набљудуваат кожата, некои бараат брчки, други си ја вежбаат насмевката, трети само прават гримаси.

10. Прегледување списанија

Освен што ги гледаат омилените серии, девојките во слободно време обожаваат да ги прелистуваат модните списанија, читаат книги и слично.

koga-devojkite-se-sami-doma-1.jpg

Кој е вашиот омилен ритуал кога сте сами?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg