Сè што мислевте дека знаете за кафето е погрешно!
Научниците кои го анализираа ДНК-то на кафето утврдија дека она што луѓето го сакаат кај него, а тоа е кофеинот, е всушност генетски хир и нема никаква врска со кофеинот во чоколадото или чајот.
„Тоа е случајност застаната во просторот и времето, најверојатно под влијание на природната селекција,“ изјавил еволуциониот биолог Виктор Алберт.
Тој и уште еден негов колега ги мапирале гените на кафето. Притоа, истражувачите откриле дека кофеинот се развил одвоено од кафето, чајот и чоколадото, затоа што се наоѓа во различни гени.
„Кога кафето мутирало и добило кофеин, не само во зрното туку и во листовите, во кој е всушност поприсутен, се испоставило дека тоа е одлично за билката,“ вели Алберт.
Тој објаснува дека бубачките никогаш не го напаѓаат кафето, затоа што не сакаат кофеин, за разлика од пчелите кои го обожаваат.
„Затоа опрашувачите се враќаат по `репете,` баш како што и ние сме `зависни` од кафето,“ наведува американскиот научник кој признава дека наутро не се буди без голема шолја кафе.
„Не би бил во состојба да ја извршам цела оваа работа за кафето, ако не би го консумирал,“ заклучил тој.