Имате 35, а уште не знаете што сакате во животот?
Не се грижете, не сте единствени. Многу луѓе ширум светот не знаат што сакаат да прават во животот. Но, не само просечните, туку и многу други успешни луѓе не ја пронашле областа во која би се пронашле.
Сигурно сте слушнале за Харисон Форд, познатиот глумец, но не знаете дека тој до својата 30-та година бил столар.
Писателката Џ.К. Ролинг на серијалот за Хари Потер до својата 31. година била самохрана мајка која живеела од социјална помош.
Филмскиот режисер, Анг Ли до 31 година бил невработен маж кој седел дома и ја чекал својата сопруга да се врати од работа.
Реј Крок, основачот на планетарниот бренд McDonald's до 52 години продавал хартиени чаши и миксери за милкшејк.
Андреа Бочели, фантастичниот италијански оперски пејач кои сега заработува милиони и сите му се воодушевуваат, до 33-тата година свирел пијано во ресторани.
Сите овие познати личности ги обединува едно нешто, во даден момент сфатиле што сакаат и ризикувале сè за да ги остварат своите соништа.
Сите можат да се обидат да го направат истото, но од стравот дека нема сите да успеат, некои не се ни обидуваат.
Тоа е клучното заради кое засекогаш си ја скратуваат можноста светот да слушне за нив.
Имате ли вие храброст да ризикувате сè за да почнете од почеток и да се обидете да успеете?