Не е лесно да се биде морска сирена: Запознајте ги девојките на кои тоа им е професија (видео)
Дали сте верувале како мали дека постојат морските сирени? Овие девојки веројатно верувале, а кога пораснале навистина станале грациозни сирени.
Тие секој ден одат на работа, облекуваат специјални костуми во облик на опашки, а потоа нуркаат; во водата и изведуваат кореографии на одредена музика, како вистински сирени.
Во аквариумот на Флорида може да пронајдете три русокоси, грациозни девојки кои имаат нозе на копно, а во вода добиваат светликави сини опашки. Лорен, Ерин и Кејти се вистински сирени.
- Додека растев сирените ми беа многу важни. Верував дека се вистински. Се сеќавам кога Лорен првпат ме праша дали сакам да помогнам за да се направи оваа програма за сирени во аквариум. Веднаш ѝ се јавив на мајка ми да ѝ кажам: Нема да веруваш, ти реков дека ќе бидам сирена кога ќе пораснам и сега навистина ќе бидам – ѝ соопштила Ерин.
Таа вели дека луѓето првично се збунуваат кога на прашањето што работиш ќе им одговори: „Јас сум сирена“. Откако ќе им објасни дека тоа ѝ е професија, следуваат многу прашања кои сакаат да ѝ ги постават. Освен што пливаат со опашки овие сирени понекогаш прават и некои не толку интересни работи, како чистење на аквариумот. Но, тоа не им пречи бидејќи си ја обожаваат професијата.
За да изгледаат така магично поминуваат доста време во разубавување, подготовка и облекување на тесните опашки. Штом влезат во водата, магијата започнува.
За да можат да дишат под водата овие русокоси убавици со себе влечат црево кое ги снабдува со воздух. Меѓутоа, иако на посетителите кои ги гледаат, сето ова им изгледа прекрасно, природно и лесно, тие тврдат дека тоа воопшто не е лесна работа.
- Пливањето со опашка е многу поинаку од тоа кога носите пераи. Беше голем предизвик да научиме да го правиме тоа, а покрај сè мора да изгледаме убаво додека го изведуваме – вели Ерин.
Со неа се согласува и Кејти која нагласува дека луѓето го гледаат крајниот производ, за кој е потребно многу време додека се добие. Многу е тешко, особено кога треба да се трудат да изгледаат дека им е пријатно иако го задржуваат воздухот, водата им е во очи и насекаде околу нив има риби.
Погледнете како изгледа да се биде морска сирена: