Крвната група го одредува вашиот љубовен живот

Ако помисливте дека веќе сте чуле се - грешите, бидејќи за ова необично верување во Јапонија сигурно досега не сте знаеле.

otkirijte-kakov-ljuboven-zivot-ve-ocekuva-spored-vasata-krvna-grupa-1

Јапонската култура верува дека крвната група е подеднакво заслужна за поединечните карактеристики на луѓето исто како и хороскопот.

Во оваа земја се верува дека токму преку крвната група е можно да се предвиди вашиот љубовен живот:

Група А

Луѓето од оваа крвна група се искрени, чувствителни и стрпливи. Тие се добри партнери и секогаш можете да се потпрете на нив. Можеби не се премногу забавни во креветот, но затоа тоа го надокнадуваат со своите социјални вештини. Одлични се кога некому е потребна емотивна поддршка, тие се совршени родители и одлично се справуваат со стресот.

Група Б

Според Јапонските верувања луѓето од оваа крвна група се оние кои треба да ги избегнувате, односно станува збор за „лошите” момци или девојки кои на некој начин ги обожаваме. Тие се диви, преполни со страст, креативни, но во врските честопати умеат да бидат многу себични и неодговорни. Сепак, понекогаш токму тоа и го бараме.

Група АБ

Смирени и рационални луѓе кои секогаш се подготвени за нови пријателства и се вклопуваат во секое друштво. Овие луѓе се секогаш подготвени за врска, но тие никогаш нема да ви ја возвратат љубовта во еднаква мера, односно според тоа колку добиваат. Единствена маана која ја имаат е тоа што умеат да бидат големи критичари.

Група О

Сопствениците на оваа крвна група лесно се прилагодуваат на туѓото, а ретко инсистираат на сопственото. Ја обожаваат романтиката и секогаш се големи оптимисти, но нивната негативна страна е тоа што умеат да бидат љубоморни, арогантни и не бидете изненадени ако започнат да ви чепкаат по мобилниот телефон. 

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg