Кафулето во кое нема вработени заработува од чесноста на луѓето (видео)
Ако некогаш во животот се најдете во Северна Каролина и налетате на кафулето Tne Valnut, веднаш ќе забележите нешто необично - во него нема вработени.
The Valnut е всушност малечко катче кое работи на принцип на самопослужување, кој се потпира исклучиво на чесноста и искреноста на луѓето кои купуваат.
Тука сами си подготвувате чај и кафе, земате печиво, компирчиња или сладолед, гледате колку чини и оставате пари на пултот.
„Она што е неверојатно е дека луѓето со навистина чесни. Кога ќе избројам колку од производите се купени на крајот на денот, редовно се случува да има барем 15% повеќе пари од пресметаното,“ вели сопственикот на оваа кафетерија, отворена минатиот ноември.
„Во оваа заедница мислам дека почитувањето има голема смисла. Изненаден сум што вакво нешто порано не постоело. Се изненадив кога сфатив дека во принцип ова е многу едноставно,“ воодушевено раскажал сопственикот.