28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Американецот Џон Едвард Џонс

Во 2009 година, Џон Едвард Џонс решил да ја истражи пештерата Nutty Putty во САД. Но, обидувајќи се да помине низ тесен тунел, се заглавил свртен наопаку. По 28 часа, неговото срце престанало да чука, по што пештерата била затворена и станала негов гроб. Детали за трагичната приказна на Џон и неуспешната спасувачка мисија...

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-01.jpg

Nutty Putty е пештера во Јута, САД позната по бројните тесни тунели кои ги привлекуваа „зависниците“ од адреналин.

Пештерата е откриена во 1960 година и пред да биде затворена поради трагичната смрт на Американецот Џон Едвард Џонс, годишно ја посетувале над 5.000 туристи.

Дел од тунелите низ кои се движеле авантуристите се со широчина колку вратата од просечна машина за перење облека.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-09.jpgЖена позира на влезот од пештерата

Во пештерата има и тунел познат како Birth Canal (породилен канал) кој се наоѓа околу 120 метра од влезот на пештерата. На најтесното место, овој популарен тунел е со димензии 25 на 48 сантиметри.

Американецот Џон Едвард Џонс се заглавил токму во овој канал, каде што и умрел по 28 часа.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-04.jpgЏон Едвард Џонс

Зошто било невозможно да го извадат Џон и зошто умрел за толку краток период?

Уште од најрана возраст, Џон Едвард Џонс (роден во 1983-та) истражувал пештери со неговиот татко и со неговиот брат Џош.

На 24 ноември 2009 година, тогаш 26-годишнот Џон и неговиот 23-годишен брат Џош решиле да ја истражат пештерата Nutty Putty.

Друштво им правеле уште девет пријатели и членови на семејството, а идејата им била да поминат заедничко време пред Денот на благодарноста.

Дотогаш Џон веќе бил во брак, имал 1-годишна ќерка и студирал медицина.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-06.jpgЏон со сопругата

Поради обврските, долго време немал отидено во пештера.

Покрај тоа, веќе не бил слабичок како во детството, а сето ова придонело за неговата смрт.

Околу еден час откако влегле во пештерата, Џон одлучил да се протне низ озлогласениот тунел Birth Canal.

Но, само што влегол во тунелот, сфатил дека е заглавен.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-02.jpgТесниот тунел во кој се заглавил Џон

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg