Тест: Дали сте зависни од секс?

dali-ste-zavisni-od-seks-povekjeОвој тест е составен со цел да проверите колку сте зависни од сексот. Со одговарање на наведените прашања и пребројувањето на позитивните...

 

...одговори можете да видите во колкав степен сте зависници.

Проверете:

1. Дали сте биле сексуално злоставувани како дете или како адолесцент?

2. Дали редовно купувате љубовни романи или списанија со експлицитна сексуална содржина?

3. Дали ви се случило да останете во врска и тогаш кога таа станала емотивно или физички штетна за вас?

4. Дали често се случува да сте преокупирани со мисли за секс или романтични мечтаења?dali-ste-zavisni-od-seks

5. Дали мислите дека вашето сексуално однесување е нормално?

6. Дали вашиот партнер некогаш се жали на вашите навики во сексот?

7. Дали имате проблем да сопрете некое ваше сексуално однесување дури и тогаш кога сте свесни дека тоа не е соодветно?

8. Дали некогаш сте се почувствувале лошо поради своето сексуално однесување?

9. Дали вашите сексуални навики некогаш биле извор за вашите проблеми или за проблемите на вашето опкружување?

10. Дали некогаш ви се случило поради преголемата сексуална желба да побарате помош или сексуални услуги кои инаку не ви се допаѓаат?

11. Дали некогаш сте биле загрижени околу тоа дали можеби некој ќе дознае за вашите сексуални навики?

12. Дали некој бил емотивно повреден поради вашите навики во сексот?

13. Дали некогаш се практикувале секс во замена за пари или подароци?

14. Дали имате периоди на зачестени сексуални односи кои се проследени со периоди на апстиненција?

15. Дали некогаш сте се обиделе да прекинете со некој вид сексуален однос и не сте успеале?

16. Дали криете некои од своите сексуални однесувања пред луѓето од вашето опкружување?

17. Дали ви се случува истовремено да имате повеќе врски?

18. Дали некогаш сте се почувствувале деградирано поради својот сексуален живот?

19. Дали фантазирањето за секс или за романтика ви е начин да побегнете од сопствените проблеми?

20. Дали се чувствувате депресивно по сексуалниот однос?

21. Дали редовно се впуштате во сексуални активности кои би можеле да се опишат како садомазохистички?

22. Дали вашите сексуални активности имаат негативни последици и лошо влијание на односите во вашето семејство?

23. Дали се чувствувате дека ве контролира сексуалната желба?

24. Дали некогаш сте помислиле дека вашата желба за секс е посилна од вас?

Доколку имате од 1-3 позитивни одговори, тогаш вие би требале за почнете да разговарате за својот сексуален живот со луѓето од вашето опкружување.

Ова не е дефинитивен показател за постоење на зависност, но сепак би требале да поразговарате со некој близок за навиките во сексуалниот живот за да спречите развивање на проблем кој подоцна може потешко да се реши.

Од 3-6 позитивни одговори укажува на постоење на проблеми за кои сепак би требало да се поразговара со некој експерт.

Ако имате над 6 позитивни одговори, тоа претставува јасен знак за постоење на проблеми кои мораат веднаш да се решаваат низ терапија.

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg