Пар реално ја прикажа фамозната плажа со розов песок во Индонезија
- Детали
- вторник, 30 април 2019
Нивната омилена плажа само 1 година по нивната прва посета ја затекнале во ужасно издание... Виновници? Луѓето!
Мари Фе (29) и нејзиното момче Џејк Сноу (27) патуваат низ светот со години и нивните авантури ги пренесуваат на заедничкиот Инстаграм профил на кој имаат 487.000 следбеници.
Парот, кој е свршен, има бајковити фотографии, но овојпат тие одлучија да ја прикажат вистината за познатата плажа со розов песок во Комодо националниот парк во Индонезија.
Тие ја имале посетено некогаш и била прекрасна, но кога се вратиле година дена подоцна на истото место, таму нашле многу пластични шишиња и друг отпад кои им го уништиле доживувањето.
Двете нивни фотографии се направени на исто место, само со разлика од една година.
„Никогаш не верувавме дека нашата омилена плажа ќе изгледа вака. Ни се скршија срцата кога видовме колку отпад има на ова прекрасно место. Ако не делуваме веднаш, нашите плажи и океани ќе бидат преплавени со пластика. Ова е реалноста и Фотошоп нема да ни помогне. Мора да престанеме со користењето на пластика“, порача парот.
Очекувања:
Фото приказ на суровата реалност, по само 1 година:
С. С. | Црнобело