Кендал Џенер скоро гола по Оскари 2019 - Сексапил или немање осет?
- Детали
- понеделник, 25 февруари 2019
На црвениот тепих на Оскарите, Бредли Купер и Ирина Шајк се покажаа како најзгоден пар, а на забавата по Оскарите, дефинитивно Кендал Џенер ги доби сите погледи.
Ако постоеше награда за најразголен фустан, со сигурност ќе отидеше кај Кендал Џенер.
На Vanity Fair забавата по Оскарите, 23-годишната Кендал остави малку на имагинација и се појави во црн фустан со длабоко деколте и голи нозе, а ја покриваше само едно парче кое виси од половината надолу.
https://twitter.com/LeeRoyWright/status/1099922645242531842/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxnews.com%2Fentertainment%2Fkendall-jenner-wears-jaw-dropping-dress-to-oscars
Taa знае како да го привлече вниманието кон себе и да се пофали со згодното тело, па не ја пропушти ни оваа прилика.
Кендал Џенер изгледа совршено и не се срами да го покаже голото тело, но дали можеби тоа е претерано за ваков настан – останува на вас да пресудите.
*Прочитајте и Фарел носеше шорцеви, Рами Малек падна од сцена: Најчудните моменти на Оскари 2019
23-годишниот модел во најразголениот фустан:
М. М. | Црнобело