Развод по 25 години, афера со мажена жена: Која е љубовницата на Џеф Безос?
- Детали
- четврток, 10 јануари 2019
Само неколку часа пред американските медиуми да ја обелоденат неговата љубовна афера, најбогатиот човек на светот објави дека се разведува. Која е неговата нова љубов?
Џеф Безос (54), кој стои на чело на Amazon и е најбогат човек во светот, објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи по 25 години брак.
Meкензи Безос
Иако во објавата тие тврдат дека разделбата е пријателска и ќе останат и понатаму во добри односи, во медиумите осамнаа информации дека Безос имал афера со месеци со Лорен Санчез, пилот на хеликоптер и поранешна ТВ презентерка, која е во брак со познатиот холивудски ловец на таленти Патрик Вајтсел. Наводно и Санчез планира да се разведе наскоро.
Лорен Санчез
Американските медиуми тврдат дека Безос ја носел 49-годишната атрактивна црнокоса на егзотични патувања со неговиот приватен авион и разменувале еротски фотографии и пораки. Папарацо фотографите го имаат ловено вљубениот пар на разни дестинации.
Инаку, Безос и Санчез заедно со нејзиниот сопруг беа фотографирани на забава во Лос Анџелес во 2016 година. Се знаат со години и двајцата имаат домови во Сиетл. Безос има 4 деца, а Санчез 2.
Само неколку часа пред веста со аферата да биде објавена во американските медиуми, Безос на Твитер објави дека се разведува.
/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083004911380393985&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Fentertainment%2Fjeff-bezos-now-dating-news-234647474.html
Прочитајте и Ја побарал за жена по 3 месеци врска: Како изгледа бракот на Џеф Безос и Мекензи, најбогатиот пар на светот?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





