Се запознаа во 2009, раскинаа свршувачка во 2013: Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт тајно се венчаа
- Детали
- вторник, 25 декември 2018
Нивната врска имаше подеми и падови, имаа тешки мигови кои ги надминаа, а сега си ветија љубов до крајот на животот на интимна церемонија.
Мајли Сајрус (26) и Лиам Хемсворт (28) се венчаа тајно минатиот викенд, тврдат американските медиуми.
Парот се запозна на снимањето на филмот „The Last Song“ во 2009 година и заедно се појавија на Оскарите во 2010. Потоа, се свршија, но ја раскинаа свршувачката во септември 2013 година, а се смирија повторно во 2015.
Нивното однесување во текот на 2018 покажуваше дека тие веќе се навистина сериозни еден кон друг и изгледа конечно одлучија да се венчаат.
На некои Инстаграм фотографии и видеа се гледа дека Лиам носи костим, а Мајли венчаница, а и дека сечат свадбена торта заедно. Во позадина се гледаат балони: „Mr. и Mrs.“
На настанот беше присутен и актерот Крис Хемсворт, постариот брат на Лиам.
Во едно интервју во 2017 година Мајли откри дека разделбата со Лиам била важна за да се пронајдат себеси и да ги направат потребните промени за да функционираат заедно.
Инаку, Мајли неодамна во калифорниските пожари го изгуби својот дом, вреден 2.5 милиони долари, во кој живееја со Лиам.
Прочитајте и 11 начини на кои Мајли Сајрус се промени откако се смири со Лиам!
Видеото каде браќата Хемсворт наздравуваат на венчавката:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





