Познати фаци кои се во ужасни односи со родителите
Коби Брајант
НБА легендата е друга ѕвезда што се пресмета со родителите по судски пат. Коби Брајант ја тужеше куќата што ги стави на аукција дел од неговите шампионски прстени. Процесот се сврте против мајка му Памела, која изјаснувајќи се како сопственик на спортските сувенири, однапред прифатила 450.000 американски долари.
А, зошто еден родител би ги дал на наддавање вредните спомени од кариерата на синот? Па, за да си купи имот во Лас Вегас. По спогодбата со кошаркарот, запрена беше продажбата на околу 90 проценти од предметите. Сепак, останатите 10% и тоа како добро поминаа на споменатата аукција, достигнувајќи вкупна цена од половина милион.
„Се извинуваме за сите недоразбирања и ненамерната болка што му ја предизвикавме на нашиот син. Ја цениме финансиската поддршка која ни ја обезбеди низ годините.“, гласеше формалното извинување на господин и госпоѓа Брајант.
Аманда Бајнс
Кон средината на 2013 година, актерката заврши на испитување во ментална институција, откако подметна пожар на приватен имот. Ова беше големото финале на бизарното поведение на Аманда Бајнс, која повеќепати предизвика сообраќајни незгоди, возеше под дејство и фрли бонг низ прозорец, а на суд одеше со откачени перики.
Каде се родителите во целата приказна? Бидејќи проблематичната ѕвезда не била способна да даде согласност за медицинска помош, нејзината мајка се откажа од сѐ во животот, за да послужи како привремен застапник на 27-годишнотото „дете“. Набрзо повторно излезе од контрола и пак ја сместија на психијатрија.
Светот го шокираше со објавата на Твитер, кога го обвини татко ѝ за сексуална злоупотреба. Недолго потоа го повлече тврдењето, а како образложение го кажа следното: „Татко ми не ми направил ништо. Микрочипот во мозокот ме натера да ги кажам оние нешта. Ама, тој им нареди да ме микрочипираат.“
Еминем
Последен на листата е музичарот, кој напиша цел албум посветен на мајка му Деби Нелсон. Еминем тврди дека отсекогаш ја памети како насилна и негрижлива зависничка од наркотици. Остави уште помалку на имагинацијата за чувствата што ги има кон неа, објавувајќи и песна со наслов „Kill You".
Во својата автобиографија, пак, таа напиша дека неговата страна од приказната е полна со лаги, кои ги измислил за да стане успешен рапер. Искажа и жалење што сето време молчела, додека синот ја прикажувал како луда во јавноста. Има поднесено и тужба во 1999 година, барајќи отштета од 10 милиони долари за клевета.
Иако ги негираше стиховите со кои тој навестува дека земала дрога, дел од бившите партнери потврдија дека сепак редовно пиела таблети. Помладиот брат на пејачот, Нејтан, одземен ѝ бил од семејниот дом поради сомнение за насилство.
М. A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





