Славни жени кои од љубовници станаа сопруги
- Детали
- четврток, 27 септември 2018
Дефиницијата за брак во Холивуд драстично се разликува од онаа секојдневната и просечна.
Па, така, не е реткост славните жени да почнат како љубовници, а да стигнат до статус на сопруги на истиот маж.
Кои жени влегле во љубовна афера со зафатен маж?
Анџелина Џоли и Бред Пит
Анџелина и Бред започнале љубовна врска уште на снимањето на Господин и Госпоѓа Смит во 2004-та, а Бред се раздели со Џенифер Анистон во 2005-та година. Анџелина му стана сопруга на Бред во 2014-та година.
Камила и принцот Чарлс
Камила и Чарлс се запознале во 1970-та година, иако тогаш и двајцата биле во брак со други партнери. За нивната афера се шушкаше уште додека Чарлс и Дијана беа во брак, а години подоцна, поточно во 1999-та година, парот ја прогласи нивната врска за официјална. Во 2005-та година Камила и Чарлс се венчаа.
Жизел Бундшен и Том Брејди
Том Брејди и Жизел Бундшен почнале да се гледаат пред тој да ја остави Бриџет, девојката со која бил цели 3 години и кога се разделиле била бремена со негово дете. Том и Жизел се венчаа во 2009-та година.
Џеј Ло и Марк Ентони
Џеј Ло се гледала со Марк уште додека тој бил венчан. Во 2004-та година Марк се разведе од сопругата, а многу брзо потоа стапи во брак со Џеј Ло и ги добија близнаците Макс и Ема.
Амбер Херд и Џони Деп
Парот започнал да се гледа и приватно, по снимањето на заеднички филм во 2009-та година. Деп беше толку заљубен во 28-годишната Амбер, што ја остави својата сопруга Ванеса по цели 14 години заедно.
М. Д. | Црнобело