Исповед на Кајли Џенер: Како се справувам со трачевите и што ми дава смисла во животот

Ријалити ѕвездата проговори за несигурностите, за тежината да се расте пред камери, но и за убавината да се биде мајка.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-01.jpg

Кајли Џенер е пред очите на јавноста уште од 10-годишна возраст, а денес на 21 година е влијателна модна икона, успешна бизнис жена и мајка на 7-месечната Сторми.

Таа во интервју за магазинот Glamour потврди дека е на пат да стане најмладата милијардерка на светот, но проговори и за проблемите со кои се соочува.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-03.jpg

Во 2015 година по месеци шпекулации Кајли призна дека ставила филери во устата. Вели дека во тоа време била несигурна околу изгледот на нејзината уста, сакала илузија на поголеми усни, па ги цртала со моливче и потоа одлучила да направи корекција.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-04.jpg

Имало многу негативни коментари околу тоа, но и околу низа други аспекти од нејзиниот живот, но таа откри дека станала отпорна и додека порано ја погодувале гласините и ѝ ја одземале енергијата, а сега само знае дека ќе поминат за кратко и се фокусира на нешто друго.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-06.jpg

Првата јавна романтична врска на Кајли ѝ беше во 2014 година со раперот Тајга, кога таа имаше само 17 години. Тие се разделија во април 2017, а потоа Кајли започна да се состанува со Тревис Скот со кого денес има ќерка.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-07.jpg

За бременоста вели: „Бременоста ми го промени телото комплетно на многу рана возраст, но навистина не се грижам за тоа.“

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-08.jpg

Приоритет сега ѝ се мајчинството и нејзината козметичка линија и вели дека обожава да работи и работата ѝ дава смисла на животот. За нејзината работна етика благодарна ѝ е на мајка си.

„Сакам да креирам, да го вежбам умот, секогаш размислувам за нови формули и за тоа како да направам нови и подобри козметички продукти“, вели Кајли.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-05.jpg

Ријалити ѕвездата признава дека работи напорно за Сторми, затоа што сака еден ден ќерка ѝ да ја наследи нејзината компанија „Kylie Cosmetics“.

kajli-djener-vo-intervju-otkri-kako-se-spravuva-so-trachevite-i-shto-i-dava-smisla-na-zhivotot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Гласини дека Кајли Џенер си ги потрошила парите: „Очајно пробува да ја продаде куќата, рекламира лош... По лошата реклама за игра за смартфон што не е својствена за некој кој соработув...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg