Славни двојки кои глумеа дека се совршен пар - додека папарацо фотки не го докажаа спротивното
- Детали
- среда, 01 август 2018
Порано или подоцна, мнозинството парови ќе се соочат со проблеми, или, пак, несогласувања во врската. Малкумина се подготвени ова и да го признаат пред другите луѓе. Особено холивудските ѕвезди, чии врски се секогаш идилични, дури не се распаднат пред очите на јавноста.
Додека позираат за насловните страници на магазините, тие разменуваат насмевки, прегратки и бакнежи. И, изгледаат совршено, зар не?
Сепак, додека „обичните“ смртници им завидуваат на слогата и хармонијата, зад кулисите на гламурот баш и не царува идилата.
Постојат агенти и публицисти, кои напорно работат на одржување на позитивниот имиџ на своите пулени. Од другата страна се папараците, чиишто фотки сурово ја отсликуваат реалноста.
Тие ги „ловат“ познатите фаци и во моментите кога мислат дека никој не ги гледа. За разлика од намонтираните.
Колку и да глумат дека во нивната врска нема проблеми, говорот на телото ги издава дека не е баш така. Напротив.
Од студени фацијални експресии до замавнувања со рацете, одредени гестикулации се јасен доказ дека помеѓу двојката постои конфликт или нетрпеливост.
Една слика вреди илјада зборови. Овојпат разгледуваме низа такви сцени, каде беше соголена интимата на холивудските љубовни тандеми.
Прикажани се среде расправија, непријатна размена на погледи, или, пак, дури и физички контакт со партнерите.
Повеќето не се денеска заедно. Дел од нив, пак, сѐ уште функционираат како двојка. А, ова се папарацо фотките кои го урнаа митот за нив како совршен пар:
Бен Афлек ја расплака сопругата Џенифер Гарнер во автомобилот, откако заедно ги оставија трите деца на училиште...
Бредли Купер и Ирина Шајк не ја сокрија тензијата помеѓу двајцата, додека во публика следеа тениски натпревар на Вимблдон...
Џон Мајер и Џесика Симпсон ја прекинаа врската на терасата од хотелот, за време на романтичниот одмор во Мексико...
Бијонсе и Џеј Зи не можеа да одглумат после фамозниот инцидент во лифтот, каде сестрата на пејачката физички се пресмета со раперот...
Никол Кидман беше студена кон сопругот Кит Урбан на црвениот тепих во Сиднеј, па пред очевидците разменија и тешки зборови...
Сајмон Кауел и Лорен Силверман врескаа на сиот глас, приредувајќи љубоморна сцена на задните седишта од автомобилот...
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





