Славни ѕвезди кои по смртта нема да им остават ниту долар на своите деца
- Детали
- петок, 20 јули 2018
Во светот на славните и познатите, парите не претставуваат апсолутно никаков проблем. Но, додека нивните деца уживаат во благодатите кои ги носи лагодниот живот исполнет со банкноти кои не може да се добројат, истото не може да се потврди и по смртта на нивните богати родители.
Имено, славните родители одлучиле да им остават минимални суми од своето богатство на своите деца и тоа е прецизно наведени во тестаментите. А, некои пак решиле да не им остават ниту едно доларче.
Погледнете кои славни ѕвезди ќе ги остават своите деца без ништо (или со многу малку) по својата смрт:
Барон Хилтон
Сопственикот на познатиот синџир хотели „Хилтон“ одлучи 97% од своето богатство да го додели на хуманитарната фондација Конрад Хилтон, која ја основал неговиот татко од кого Барон го наследил богатството.
Богатиот хотелиер има 8 деца од бракот со Мерилин Холи, а одлуката да го донира скоро целото свое богатство во добротвторни цели ја донел откако го увидел разгаленото однесување на внуката Парис Хилтон која го компромитирала имиџот на целата фамилија, оставајќи црна дамка на името Хилтон.
Тед Тарнер
Основачот на Си-Ен-Ен, Тед Тарнер, ја основал фондацијата „Тарнер“ во 1990 година, помагајќи да се решат еколошките проблеми низ целиот свет.
Во 1997 година, тој ветил дека ќе им плати една милијарда долари на Обединетите нации во следните 10 години.
Тед во 2010 година потпишал документ кој потврдува дека по неговата смрт, тој се откажува од своето богатство што ќе биде донирано во целост во добротворни цели.
Бил Гејтс
Гејтс е еден од основачите и иницијаторите на „The Giving Pledge“, договор склучен помеѓу милионери и милијардери, кој, во моментот на потпишување го обврзува лицето дека ќе го донира своето богатство во хуманитарни цели по смртта.
Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ сочинува голем дел од парите на основачот на „Мајкрософт“ (кои изнесуваат над 78 милијарди долари), а според него, неговите деца треба да работат и да разберат колку е важна работата.
Тој и неговата сопруга имаат три деца кои нема да го наследат богатството како што се очекуваше, па така сите пари ќе бидат донирани за луѓето на кои им се потребни за искоренување на болеста и сиромаштијата.
Елтон Џон
Елтон Џон и Дејвид Фурниш одлучиле да не им ги остават своите пари на синовите. Музичарот и неговиот партнер ќе донираат околу 53 милијарди фунти во хуманитарни цели, објаснувајќи го овој потег како начин преку кој ги учат децата на почит, напорна работа и вредноста на парите.
Марк Закерберг
Марк и неговата сопруга, исто така, ја имаат потпишаа иницијатива „The Giving Pledge“. Присила Чен првично спонзорираше проекти од областа на здравството, развојот на образованието и решавањето на социјалните проблеми.
Дури 99% од нивните пари ќе бидат донирани, а остатокот ќе биде дел од наследството наменето за децата.
За разлика од другите милијардери, Присила и Марк одлучија да го донираат богатството за време на својот живот на фондацијата Чен-Закерберг, која, според многумина, има ограничена општествена одговорност, бидејќи се фокусира исклучиво на образованието и здравјето.
Мила Кунис и Ештон Кучер
„Минатата година кога го прославувавме Божиќ, нашата тригодишна ќерка Вајат доби премногу подароци. Ние не им купивме ништо на децата, но добија многу од баба им и дедо им.
Тие самите повеќе не знаат што да им купат на децата и само се трупаат материјални работи“, рече Кунис минатиот Божиќ и откри дека заедно со Ештон воведуваат забрана за давање работи на децата, бидејќи тоа навистина не е важно за нив.
(О)Милена | Црнобело