Какво значење има позата која Иванка Трамп ја прави на 90% од фотките?
- Детали
- среда, 27 јуни 2018
Ако го разгледате Инстаграмот на Иванка Трамп или изгуглате неколку нејзини фотки од разни настани и пригоди, ќе забележите дека на 90% од нив, позира во идентична поза.
Едната нога секогаш е истакната нанапред, додека рацете ѝ се нежно спуштени покрај колковите, а телото благо подвиткано.
Што значи ваквиот начин на позирање? Еден експерт за говор на телото објаснува:
„Ова е првата поза на која ќе ве научат доколку се обидувате да станете модел. Така ќе изгледате потенко и повисоко.
Нејзиното стапало кое речиси секогаш е исфрлено нанапред пробува да даде слика за силна, моќна и компетентна жена.
Но, нејзините раце се сосема друга приказна. Ги држи типично на страна, близу нејзиното тело. Овој гест пак ја издава дека ѝ недостасува моќ, но се труди да изгледа дамски и нежно.
Позата во главно изгледа како да се бори помеѓу тоа дали сака да биде силна или нежна жена. Се гледа дека ѝ е важно да изгледа прибрано и совршено.
Сака да остави впечаток на порцеланска кукла, па затоа никогаш не позира спонтано.
На фотките со сопругот, исто така има два контрадикторни ставови. На дел од фотките е навалена кон него и сака да покаже дека е блиска со него, додека на некои сака да стои барем малку пред него и да покаже доминација.“
М. Д. | Црнобело