Зошто кралицата Елизабета има 200 идентични чанти од по 2.000 долари? (фото)

Нејзин омилен моден додаток е црната едноставна чанта, со која ја гледаме веќе години наназад.

kralicata-elizabeta-sekogash-ja-nosi-istata-chanta-ima-duri-200-identichni-chanti-foto-01.jpg

Кралицата Елизабета е позната по тоа што сака аутфитот секогаш да ѝ биде во ведра боја и изгледот го надополнува со соодветна шапка или тијара. Но, дали сте забележале дека има еден моден детаљ кој кралицата речиси никогаш не го менува?

Станува збор за нејзината мала црна чанта. Таа, според британските медиуми, поседува 200 речиси идентични црни чанти од компанијата Launer.

Кралицата има два модели кои и се омилени од колекцијата на оваа компанија, но двата се многу слични еден на друг.

kralicata-elizabeta-sekogash-ja-nosi-istata-chanta-ima-duri-200-identichni-chanti-foto-02.jpg

Инаку, кралицата чантата ја користи кога сака некому да му сигнализира дека сака да престане со разговорот и да си замине.

Кога ќе ја префрли чантата од една рака во друга, нејзиниот персонал и луѓето кои добро ја познаваат знаат дека таа дискретно посочува дека комуникацијата треба да заврши.

Прочитајте и зошто кралицата Елизабета носи пари со себе само еден ден во неделата?

Како изгледаат омилените модели на кралицата Елизабета:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
Имаат милијарди, а не се полнолетни: Кои се 5-те најбогати деца на светот? Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот, а на листата најбогати деца е и ...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg