Омилениот шведски кралски пар го направи својот Инстаграм јавен (фото)

Тие се приземјени, ведри и ги следат своите страсти. Принцот Карл Филип и принцезата Софија се омилени во Шведска, но и во целиот свет.

omileniot-shvedski-kralski-par-go-napravi-svojot-instagram-javen-foto-01.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл периодов се омилениот кралски пар, а новостите за нив можеме да ги следиме само на официјалниот Инстаграм профил на Kензингтонската палата.

Од друга страна, принцот Карл Филип и принцезата Софија од Шведска имаат свој Инстаграм профил и сега го направија јавен. Сега, тие се актуелни повеќе од кога било и фановите им оставаат низа коментари колку убав пар се.

39-годишниот Карл и 33-годишната Софија се во брак од јуни 2015 и имаат две деца, 2-годишниот принц Александар и 8-месечниот принц Габриел.

Карл има воено искуство, како и искуство со професионално тркање, а Софија е поранешен модел и ријалити ѕвезда, а сега е дел од низа добротворни организации.

Па, сè додека не дојде тој чудесен ден кога на принцот Хари и на Меган ќе им биде дозволено да си отворат свој Инстаграм профил, да уживаме во оној на принцот Карл и принцезата Софија.

Дел од нивните фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
16 ѕвезди кои можеби не сте ги виделе во профил (некои се сосема непрепознатливи) Сте ја виделе ли Марго Роби во профил? Или Рис Витерспун? Некои дами изгледаат м...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Карлос Солис од „Очајни домаќинки“ старее како виното: Како изгледа актерот 14 години по крајот на с... Со актерството започнал да се занимава во средно училиште за да успее да ја преб...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg