Џанлука Ваки гол пушта музика, Шерон Фонсека без грам шминка на јахта на Сардинија – Парот ужива во животот (фото)
- Детали
- понеделник, 19 август 2024
Шерон Фонсека во ретко несредено издание и без грам шминка, се прегрнува со ќерката, но и позира во бикини посекси од кога било, откако со сопругот Џанлука лудо се забавуваа - тие го живеат животот со полн здив.
Италијанскиот заводник Џанлука Ваки неодамна го прослави 57-иот роденден, а периодов заедно со сопругата Шерон Фонсека и ќеркичката уживаат на јахта на Сардинија.
Венецуелската убавица на својот Инстаграм профил објавува фотки од прошетки низ островот, но го покажа и нејзиното фит тело додека позира во бикини на карпи и во вода.
Таа сподели и емотивни фотки со ќеркичката, на кои ја држи во прегратка во скут и напиша: „Моите раце се твои, ќе те држам засекогаш“.
На фотките таа е облечена во бело, со бел шешир и чанта, а во кратко видео, ги тргна шеширот и очилата, и покажа дека е без шминка, со несредени веѓи и коса.
Помеѓу објавите од одморот на Сардинија, се најдоа и фотки од роденденот на нејзиниот сопруг, каде се гледа дека заедно со пријателите направиле забава во бело на плажа.
На прославата присуствува и нивната ќеркичка која дува свеќичка со тато, а потоа Џанлука гол пушта музика, додека Шерон се забавува покрај него.
Италијанецот не се откажува од забавниот и авантуристички дух, а годините за него се само бројка.