Четири бесплатни работилници за нутритивно диететските навики и репродуктивното здравје на жените како дел од проектот „Мое тело, мое здравје“ кој dm го поддржува во неговата реализација

Во светот на брзите промени и предизвици, женското здравје често останува во сенка. Но, со проектот „Мое тело, мое здравје“ кој dm го поддржува во неговата реализација, се презема иницијативата да се осветли оваа важна тема.

chetiri-besplatni-rabotilnici-za-nutritivno-dietetskite-naviki-001.jpg

Со минатогодишниот конкурс „Заедно за подобро утре“ преку кој беа поддржани 6 проекти за подобрување на женското здравје, dm уште еднаш покажа дека верува во моќта на знаењето и образованието.

Проектот ,,Мое тело, мое здравје“  е создаден со цел да ги охрабри девојките и жените да се грижат за своето здравје, а во следните месеци ќе се одржат бесплатни едукативни предавања во четири основни училишта, со почеток од 18 часот. Запишете ги датумите во вашиот календар:

📅 18.2.2025 – ООУ „Лазо Ангеловски“
📅 25.2.2025 – ООУ „Александар Македонски“
📅 10.3.2025 – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
📅 24.3.2025 – ООУ „Љубен Лапе“

chetiri-besplatni-rabotilnici-za-nutritivno-dietetskite-naviki-03.jpg

Темата на овие предавања е „Репродуктивното здравје и благосостојба на жените“. Тие ќе се фокусираат на важноста на исхраната, психолошкото здравје и грижата за репродуктивното здравје, а истите ќе бидат водени од експертите: д-р Биљана Силјановска Гиевска – гинеколог-акушер, м-р Емилија Спасовска Мојсовска – нутриционист и Ивана Велевска – психолог. Овие предавања не се само информативни; тие се платформа за размена на искуства, идеи и инспирација.

Поканети сте да се приклучите и да откриете нови перспективи за вашето здравје!

chetiri-besplatni-rabotilnici-za-nutritivno-dietetskite-naviki-04.jpg

Успешно завршена прва фаза од проектот

Во првата фаза од проектот, успешно се одржаа 19 работилници со ученички во неколку основни училишта во општината Аеродром. Резултатите од анкетата покажуваат дека околу 70% од ученичките сметаат дека предавањата целосно ги исполниле нивните очекувања, а речиси 50% од нив изјавиле дека научиле многу. Работилниците поминаа во прекрасна атмосфера, со многу насмевки, научени работи и прашања.

chetiri-besplatni-rabotilnici-za-nutritivno-dietetskite-naviki-05.jpg

Ова е само почеток на патувањето кон подобро разбирање на сопственото тело и здравје. Секој од нас има моќ да создаде позитивни промени во својот живот и животот на другите. Затоа, приклучете се на овие предавања и станете дел од оваа важна иницијатива. Заедно, можеме да изградиме посветла иднина за женското здравје!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg