Омразата заврши во ѓубре  - буквално!

Каде е правото место на хејтот? Во корпа за отпадоци!

omrazata-zavrshi-vo-gjubre-bukvalno-01.jpg

Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза

Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!?

Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци.

omrazata-zavrshi-vo-gjubre-bukvalno-02.jpg

Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место на омразата е тука!

Со ова тие го креваат гласот против онлајн вознемирувањето.

Македонски Телеком како компанија која се залага за  свет полн со дигитален оптимизам ја отвора и поддржува темата интернет без омраза.

Придружете ни се!

Раширете ја пораката: Колку повеќе луѓе дознаат, толку посилна ќе биде заедничката борба против говорот на омраза.

omrazata-zavrshi-vo-gjubre-bukvalno-03.jpg

Заземете став: Кога ќе наидете на говор на омраза на интернет не премолчувајте! Покажете поддршка: Следете ги приказните на нашите инфлуенсери и поддржете ја нивната порака.

omrazata-zavrshi-vo-gjubre-bukvalno-04.jpg

Да направиме место за вистински да се поврземе.

#НаправиМесто

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg