Трет регионален офталмолошки симпозиум организиран од „Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб

На 10.11.2018 (сабота) беше одржан III-от регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на очната болница „Систина Офталмологија“.

tret-regionalen-oftalmoloshki-simpozium-organiziran-od-sistina-oftalmologija-del-od-grupacijata-svjetlost-zagreb-01(1).jpg

Секоја година во рамките на симпозиумот се обработува тема од офталмолошката пракса, која се применува во „Систина Офталмологија“ и „Свјетлост“, Загреб со што се овозможува едукација и размена на искуства меѓу медицински лица од Македонија и регионот.

Предавачи беа д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина Офталмологија), проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост) и асс. Д-р Христијан Дума, проф.д-р Каролина и асс. д-р Ирина Богданова (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје).

tret-regionalen-oftalmoloshki-simpozium-organiziran-od-sistina-oftalmologija-del-od-grupacijata-svjetlost-zagreb-03(1).jpg

tret-regionalen-oftalmoloshki-simpozium-organiziran-od-sistina-oftalmologija-del-od-grupacijata-svjetlost-zagreb-02(1).jpg

Настанот беше посетен од околу 200 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово. Освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет.

„Секоја година, овој симпозиум е збирно место за сите офталмолози од Македонија. Се преставуваат иновации, нови пристапи и техники на работа и успешни резултати од примена на нови методи за третман на очни болести. Оваа година имавме теми кои беа претставени од офталмолози од приватното здравство и нашите колеги од државното здравство со што имаме можност за размена на искуства за офталмолошката пракса во Македнија. На овој начин се олеснува и соработката меѓу офталмолозите (независно каде работат) бидејќи единствената примарна цел е точна дијагноза, избор на метода која ќе вроди успех, со препорака да се направи во установа која е подготвена и опремена со тим и технологија за да му помогне на пациентот.“- изјава на д-р Златко Арнаудовски

„Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата приватна очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап. Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надгради и зголеми обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија. Од 2017-та, „Систина Офталмологија“ се проширува со свој центар во Битола, а од неодамна и во Тетово и Гостивар.

Денес, заедно со хрватскиот партнер бројката на опслужени пациенти брои повеќе од 400.000 илјади пациенти, со вкупно 50 резидентни доктори и над 140.000 успешни интервенции.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg