Ја испеа „Бисер балкански“, му посвети песна на Тоше: Жељко Самарџиќ воодушеви на концертот во Скопје

„Јас секој ден зборувам по малку македонски, многу ја сакам Македонија“, рече на концертот во Скопје Жељко Самарџиќ и ги испеа „Елено ќерко“ и „Бисер балкански“. А потоа ја изненади публиката и ги најави Бора Чорба и Калиопи.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-01.jpg

Жељко Самарџиќ вчеравечер (13.04) одржа маестрален концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Беше пречекан и испратен со овации и уште еднаш покажа зошто е меѓу омилените регионални музичари кај нас.

Концертот почна со настапот на Жаре Бербер и неговиот бенд, кои ја загреаја атмосферата.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-20.jpg

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-03.jpg

По нив на сцената излезе Жељко, кој од првиот момент ги крена сите на нозе. Ги пееше своите најголеми хитови, а потоа испеа и две македонски песни „Бисер балкански“ и „Елено ќерко“.

„Јас секој ден зборувам по малку македонски, многу ја сакам Македонија“, кажа тој.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-06.jpg

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-16.jpg

Му посвети песна и на Тоше Проески, кој беше негов пријател, па ја испеа „Ako odeš“.

„На секој концерт пеам по една песна за Тоше. Тоше, ако нè гледаш, ова е за тебе“, рече Самарџиќ.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-23.jpg

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-11.jpg

Зборуваше и за сопругата, па кажа дека се веќе 46 години во брак.

Од посетителите во еден момент побара да ги вклучат блицовите на телефоните за тој да направи фотка со која засекогаш ќе се сеќава на оваа вечер.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-30_copy.jpg

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-27.jpg

Но, тука не завршија изненадувањата. Среде концерт, Жељко го најави настапот на Бора Ѓорѓевиќ.

Фронтменот на „Рибља чорба“ ги испеа „ Avionu slomiću ti krila“, „Kad sam bio mlad“ и „Kada padne noć“.

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-13.jpg

ja-ispea-biser-balkanski-mu-posveti-pesna-na-toshe-zheljko-samardjikj-voodushevi-na-koncertot-vo-skopje-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg