Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто ни требаше толку време да ја откриеме Дина Јашари – магичниот глас и надеж на македонската музичка сцена

Сите, а бевме навистина многу на број, кои ја поминавме новогодишната ноќ дома и се вклучивме на концертот Live and Cozy@MKC со наслов ЧАО2020, дефинитивно не останавме рамнодушни на гласот и стасот на прекрасната Дина Јашари.

Dina-Jashari-01.jpg

Нејзиниот настап апсолутно ни ги плени срцата па си посакавме година која е убава како неа и нејзиниот глас.

Но, зошто ни требаше толку време да ја откриеме Дина Јашари? Која е таа?

21-годишната пејачка е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Она што малкумина го знаат за неа е дека била придружен вокал на бендот Ај Кју, а настапувала со нив и на Евровизија во 2018 година.

Таа носи сосема поинаков звук, особено од оној кој се наметнува на Балканот во последниве неколку години.

Се потпишува на дури 5 авторски песни: „Вреди ли“, „Дојди со мене“, „Зборови“ и „Бои“, а „Последна минута“ е нејзино целосно авторско дело.

Се надеваме дека ќе слушнеме уште многу квалитетни песни од оваа прекрасна девојка која заслужува многу повеќе внимание.

(О)Милена | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
„Страв ми беше да држам змија, но кога се смирив - таа почна да позира“: Ивона Јо за снимањето на сп... „Имаше еден момент кога сите си заминаа некаде од сетот, а јас и змијата Жане ос...
Слушнете ја новата песна на Деан ДКР - Game Changer „GAME CHANGER” е новата песна на Деан ДКР. Инспирацијата за самиот наслов е од с...
Дарко Андонов ДААН со нова динамична песна во модерен диско ритам Дарко Андонов а.к.а ДААН во вторникот на 30ти Јули го промовираше својот на...
„Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година „Бумеранг“ е  повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и круг...
Тамара Волческа со маестрален настап ја освои дебитантската сцена на Макфест Тамара Волческа, позната по својот длабоко емотивен израз и способноста да допре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg