Дарко Влогс со солзи во очите: „Сакав да си го спасам вториот брак, па ја повредив ногата и не можев да возам камион - затоа ме снема“
- Детали
- вторник, 04 март 2025
„Првиот брак не ми успеа, но вториот сакав да си го спасам“ вели Дарко Влогс и открива колку бил тежок „животот на тркала како брачен пар“. Тој возел камион во придружба на сопругата, но токму кога донел одлука да продолжи сам, доживеал сериозна повреда на ногата која му го променила животот. Објави и фотографија од повредата.
Дарко Јефремов (36), попознат како Дарко Влогс, го запознавме како камионџија и еден од нашите најзабавни инфлуенсери со повеќе од 114.000 следбеници на неговиот Инстаграм профил.
Но, по целата еуфорија, тој се повлече од Инстаграм и долго време не објавуваше ништо (oколу две години), па се врати со комплетна трансформација на изгледот, а сега на Инстаграм Стори имаше и исповед зошто направил толкава пауза.
Тој откри дека минувал низ низа кризни животни ситуации.
По стапувањето во брак со саканата Даниела од Битола и свадбата на Хаваи, тој почнал да вози камион во нејзина придружба, а подоцна дури и нивната мачка патувала со нив.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





