Слаткар на шишање со синот, Антониа Гиговска и Џокер со семејна фотка: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 04 март 2025
Фудбалерот Бојан Миовски доби син, Лила Филиповска објави дека поминале 3 години од борбата со ракот и сподели фотографии со кратка коса, Драган Спасов - Дац во каубојски ауфит на тематската роденденска забава на внуката Гаиа (2), а Аделина Тахири вљубена со сопругот.
Елена Најдоски го прослави роденденот, а Игор Џамбазов се забавуваше со песна дома.
Лила Филиповска објави емотивно видео од постари фотографии и се потсети на нејзината борба со ракот:
„И ништо не е повеќе важно… ни која си, ни што си, ни каква си, ни од каде си, ни зошто си!? Сè дури си здрава и жива!
Три години пролетаа, а со нив и една друга Лила на која дотогаш ѝ беше важно сѐ ова горе наведеново.
Наместо да се објаснувам и правдам денес, оставам другите да се во право, а јас да бидам среќна. Зошто само среќен човек е здрав човек.
Затоа и доаѓаат вакви искушенија. Шамар на реалноста. Лекција! И знаете што… сè дури не ја научиме истата лекција - ќе ни се повторува. Не ме прашувајте како знам.
Затоа уживајте во секој момент не пропуштајте да ги гушнете саканите, патувајте, опкружете се со позитивни луѓе и правете го она што ве прави среќни.
Судбината секогаш го има последниот збор.
Што правеа македонските ѕвезди деновиве?
Драган Спасов - Дац во каубојски ауфит на тематската роденденска забава на внуката Гаиа (2), од синот Јаков и снаата Софија
Лила Филиповска (кликнете на видеото)
Ивона Јо во манастирот Свети Јован Бигорски
Марко Маринковиќ - Слаткар со синот на шишање
Роберт Спасенцовски - Џокер објави фотографија со Антониа Гиговска и синот Киан и напиша „Моето семејство“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





