Вања Мицевска се избори со ракот на 26 години: „Имаш рак - се срушив, нозете не ме држеа, но научив важни лекции“
Што друго промени во начинот на живот?
Го променив односот кон самата себе и престанав да бидам „што би било кога би било“ тип на човек. Не го изневерив детето во себе и кога ќе ги погледнам фотографиите во семејните албуми знам дека пораснав во подобра верзија одошто очекував.
Колку ти се смени погледот на светот и на работите од секојдневието? Дали навистина луѓето не ги ценат малите работи од секојдневието?
За жал, луѓето не ги ценат малите, а сепак толку големи работи. Гледаат со занемарување на секојдневната рутина да станат, да се облечат и да заминат на работа, без да согледаат дека некој воопшто не успеал да заспие, или дека некој нема за каде да ја облече својата облека.
Поминав денови во кои имав чувство дека тапкам во место и затоа сум преблагодарна за сѐ што имам, за топлиот дом, трпезата, работата, луѓето, љубовта и спокојот...
Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…
Сѐ ќе помине! До сите оние што во моментот минуваат низ истото и до нивните семејства порачувам да не ја губат вербата, да бидат доблесни и да покажат истрајност бидејќи само љубовта постои до вечноста.
Повеќе фотки од Вања:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело