Србинката Горана љубовта ја донесе во Македонија: „Веќе 13 години Скопје ми е дом, тука ми се родија синовите“

Што те нервира најмногу тука?

Викендите во Скопје за семејство може да бидат убави и помирни за разлика од Белград, кој е поголем и постресен како град за секојдневно функционирање.

Нервоза во Скопје ми прави негрижата на луѓето за чистотата на улиците и изгледот на градот, кој во последно време е запоставен.

Скопје некогаш беше омилен град за излегување и забава кај Србите.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-04.jpg

Кое ти е омилено македонско јадење?

Омилено македонско јадење ми е домашниот ајвар, потоа полнетите пиперки, но и сите јадења направени во македонски глинен сад.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-08.jpg

Кои ти се омилени места во Македонија?

Во Македонија има многу убави места, но за мене секогаш Охрид ќе остане најубав и му се радувам на секое одење таму.

Исто така, го обожавам и кањонот Матка кој има нешто магично во себе, кое со зборови не може да се опише.

Секогаш задолжително ги носам таму моите гости од Србија. Сакам да ја почувствуваат таа природа, а да ги посетат и убавите етно ресторани во околината на Скопје.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-07.jpg

Какви се Македонците во браковите и љубовните врски, а какви Србите?

Македонците во брак се внимателни, се грижат за фамилијата, сакаат да им помагаат на жените, како и да готват, за разлика од Србите, кои повеќе се за седење по кафеана.

Во Македонија викендите се резервирани за фамилијата и ручек кај најблиските, се негува традицијата во весела и топла атмосфера.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-10.jpg

Колку сме исти, односно различни, како менталитет?

Ние сме еден народ, долго време сме биле и една држава, Југославија - со исти вредности, со сличен менталитет, со почитување и љубов едни за други.

Ако споредувам, би кажала дека Србите се поотворени, поискрени како народ, за разлика од Македонците, кои се позатворени. Но, од друга страна Македонците се попозитивни и подобри домаќини.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-03.jpg

Дел си од српскиот културно информативен центар СПОНА во Скопје... Колку Срби од Македонија членуваат, имате ли организирани дружби, хуманитарни акции, како функционирате?

Покрај часовите по пилатес, кои ги држам во студиото Кети ФИТ, две години сум дел од српскиот културно информативен центар СПОНА.

Преку СПОНА учествувам во разни хуманитарни акции и тоа чувство да помагам на другите прави да се чувствувам среќна и задоволна.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-13.jpg

Културно информативниот центар СПОНА е здружение на Срби, но ги обединува и другите народни и етнички заедници.

Организираме книжевни вечери, работилници и уметнички изложби за сочувување на вистинските вредности, култура и традиција.

Во СПОНА покрај книгите на српски јазик, имаме и автори на македонски, како и разни странски автори.

Од овој месец почнуваме со нов проект „СПОНА ПОДКАСТ“ и јас тука ќе бидам модератор и водител на програмата, што за мене претставува нов предизвик и мотивација во мојот град Скопје.

srbinkata-gorana-ljubovta-ja-dovede-vo-makedonija-vekje-13-godini-skopje-mi-e-dom-tuka-mi-se-rodija-sinovite-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg