5 навики со кои милионерите стигнале до своето богатство

Еден истражувач минал 5 години од својот живот во истражување на навиките на милионерите, како тие го стекнале своето богатство и дошол до интересни откритија.

5-naviki-so-koi-milionerite-stignale-do-svoeto-bogatstvo-01.JPG

Поголемиот дел од нас, за жал никогаш нема да стигнат до сумата на пари која ја поседуваат милионерите, но проучувањето на нивните навики може да не натера да се подобриме и да станеме поуспешни личности во животот.

Истражувачот Томас Корлеј проучувајќи ги навиките на 233 милионери открива дека постојат 5 важни карактеристики по кои може да се опише како еден милионер станал милионер.

Открил дури 300 навики кои влијаеле на нивните животи, а ова се 5-те најважни тајни карактеристики на секој милионер:


1. Имаат јасна визија за животот

Околу 64% од милионерите кои учествувале во истражувањето го следат својот животен сон. Што е најважно, пред да го остварат сонот тие и добро и јасно го одредиле.

Прв важен чекор кој треба да го направите е со 500-тини зборови или помалку, да напишете како би сакале вашиот живот да изгледа за 10, 15 или 20 години.

Потребно е да се вклучат и специфичните детали како на пример, колку би сакале да заработувате, каков автомобил ќе поседувате, како ќе изгледа вашата куќа и на крај како воопшто ќе изгледа вашиот живот.

Откако сте се одлучиле што точно посакувате во вашиот живот следи процесот на поставување на целите. Прашања кои можете да си ги поставите при процесот на одредувањето на вашите цели се:

1. Што би требало да направам и во кои активности да се впуштам за мојот сон да се оствари?

2. Дали сум способен/на да ги извршам тие активности?

5-naviki-so-koi-milionerite-stignale-do-svoeto-bogatstvo-1.JPG

2. Секогаш имаат повеќе извори за приходи

Поголемиот дел од милионерите не зависат само од еден извор на заработка. Дури 65% од нив имаат три или повеќе извори кои ги создавале со текот на годините. Тоа е доста важно затоа што во случај на криза и пропаѓање на едниот извор, остануваат останатите извори на заработка.

Поголемиот дел од нас имаат само еден извор на заработка и во случај на губење на тој извор, тоа силно се одразува на целокупниот наш живот. Додатните извори можат да бидат било што. Од вашите хобиња до некоја хонорарна работа.


3. Се трудат да не губат време

Кога зборуваме за губиток најчесто мислиме на финансискиот губиток, но финансискиот ризик не е најголем. Парите можете повторно да ги заработите, оштетените работи повторно да ги купите. Не е таков случајот и со времето.

Многумина веруваат дека имаат изобилство на време и често ја намалуваме количината на време кое го имаме на располагање за активности како што е Фејсбук, гледање видеа и излежување.

5-naviki-so-koi-milionerite-stignale-do-svoeto-bogatstvo-2.JPG

4. Во животот имаат барем еден важен ментор

93% од милионерите кои биле дел од ова истражување имале свој ментор на кого го припишуваат богатството. 68% од нив тврдат дека менторството било пресуден фактор за нивниот успех.

Менторите не учат на тоа што треба да го сториме, менторите имаат општо позитивно влијание на животот и ги споделуваат своите грешки и лекции.

Успешниот ментор доведува до успешен ученик со големо богатство.

Постојат четири типови на ментори со кои се сретнуваме во животот: нашите родители, добрите учители, работните ментори и книгите. Родителите се вечните ментори.


5. Упорни се и никогаш не отстапуваат од она што го зацртале

Упорноста е главна карактерна црта со која се одликува секој милионер. Никогаш не престануваат да работат на својот сон и попрво би пропаднале, отколку да се откажат од идејата која ја имале зацртано во глава. 27% од нив барем еднаш успеале во работата која ја работеле.

На патот на успехот секогаш постојат препреки, грешки и пропусти, но најважно е секогаш да се обидувате и никогаш да не се откажувате од вашиот сон.

5-naviki-so-koi-milionerite-stignale-do-svoeto-bogatstvo-3.JPG

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg