Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи)

Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна комуникација за избегнување грешки и недоразбирања, способност за работа под притисок – кои квалитети ве прават незаменлив и вреден работник?

7-kvaliteti-koi-nadredenite-gi-cenat-kaj-vrabotenite-zaradi-koi-ste-nezamenlivi-01.jpg

Во ова модерно време и ера на технологијата, сосема е разбирливо дека треба силно да се борите бидејќи лесно може да бидете заменети од некој со поголеми технички познавања, или пак, од онлајн алатки со помош на вештачка интелигенција.

Но, на многу работни места, сепак уште се ценат таканаречените меки вештини, односно социјалната страна на вработените.

Работодавачите и рекрутерите многу повеќе ги приоритизираат овие способности, кои значат дека луѓето ќе работат поефективно, лесно ќе се приспособуваат на промени и ќе помогнат за позитивна и пријатна работна околина.

Па, добро е да знаете, дека техничката експертиза не е единствениот критериум за вработување, напредок или кариерен успех.

Кои вештини поточно ве прават повреднувани, ценети и  незаменливи на работното место?

Емоционална интелигенција: Вештина која ве издвојува

Ова се однесува на способноста да ги разберете и добро да ги контролирате сопствените, но и туѓите емоции. Тоа е неопходно за ефективна комуникација и тимска работа.

Овие вработени добро ги менаџираат конфликтите на работното место, ги мотивираат колегите и се стремат за позитивна работна култура.

Доколку не сте добри во ова, вежбајте активно слушање, покажете емпатија и контролирајте ги емоциите во предизвикувачки ситуации

7-kvaliteti-koi-nadredenite-gi-cenat-kaj-vrabotenite-zaradi-koi-ste-nezamenlivi-03.jpg

Адаптибилност: Неопходно во менувачка работна средина

Модерните работни околини постојано се менуваат, па за подолгорочна кариера, неопходно е да се истакнувате со вашата способност за лесно приспособување на промени и новитети и учење нови вештини.

Лидерство: Влијание без авторитет

Лидерството не означува само водење тим, туку и инспирирање други луѓе и постигнување резултати, дури и без формална позиција.

Работодавачите бараат луѓе кои преземаат иницијатива, нудат решенија и ги мотивираат другите колеги да бидат подобри во решавање предизвици.

7-kvaliteti-koi-nadredenite-gi-cenat-kaj-vrabotenite-zaradi-koi-ste-nezamenlivi-04.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg