Како да разговарате со некој што се соочил со загуба на сакана личност?

Во ситуација кога некоја ваша сакана личност изгубила некој близок често се случува и вие да се чувствувате некомфорно и да не знаете да ги изберете вистинските зборови за утеха.

kako-da-se-soochite-so-nekoj-shto-se-soochil-so-zaguba-na-sakanat-lichnost-01.jpg

Сигурно голем дел од луѓето околу вас изгубиле некоја сакана личност во одреден миг од животот. Некој кој за нив бил светот и по чие заминување се чувствуваат како животот да застанал за нив.

Понекогаш сигурно се фаќате себеси како се дистанцирате од личноста на која ѝ починал некој близок затоа што едноставно се чувствувате непријатно затоа што не знаете што да ѝ кажете.

Нејзините црвени и тажни очи прават да останете без зборови за утеха, иако во срцето посакувате да ја прегрнете и да ѝ кажете дека сè ќе биде добро и мора да биде силна.

Ако сакате на каков било начин да ѝ дадете утеха на таа личност мора внимателно да ги избирате зборовите.

kako-da-se-soochite-so-nekoj-shto-se-soochil-so-zaguba-na-sakanat-lichnost-02.jpg

Што не треба да кажете:

„Сигурно ти недостига многу“, „Тој/таа не би сакал/а да бидеш тажна“, „Барем не беше болна смрт“, „Можеше да биде и полошо“, „Му се случува секому“, „Знам како се чувствуваш“...

Логично е дека сакате личноста што жали да гледа на светлата страна од животот, но иако намерите ви се добри понекогаш  со своите зборови може само да ги влошите работите. Размислете како би помогнале некому само ако потврдите дека сигурно починатата личност многу му недостига или пак му кажете дека разбирате како се чувствува.

kako-da-se-soochite-so-nekoj-shto-se-soochil-so-zaguba-na-sakanat-lichnost-03.jpg

Што треба да кажете:

Треба да кажете дека сте тука за неа за сè што и треба, дека ќе ѝ бидете поддршка и тоа веднаш покажете ѝ го на дело. Постојат различни фази на тага и секој жали поинаку, но вие мора да ѝ бидете пријател на оваа личност, да ја ислушате, да ѝ бидете рамо за плачење, а потоа да ја изнесете некаде, да ѝ го тргнете на момент умот од ситуацијата и да ја насмеете.

Не плашете се да ѝ ја кажете вистината: „Не можам да замислам низ што минуваш во моментов, но тука сум за тебе постојано да ти помогнам на каков било начин.“

Дури и најмалите дела на љубов, посветеност и поддршка ќе ѝ значат многу на оваа личност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg