Вложуваат во себе, ја знаат својата вредност: 6 навики на жените кои умеат да менаџираат со парите

Сите имаме некоја наша блиска личност која умее да ги води личните финансиски средства и никогаш не чека следна плата за да може да живее.

vlozhuvaat-vo-sebe-ja-znaat-svojata-vrednost-6-naviki-na-zhenite-koi-umeat-da-menadjiraat-so-parite-01.jpg

Овие жени секогаш знаат колку пари имаат на сметката, а нивната умешност не доаѓа сама од себе.

Тие се потрудиле доволно, за секогаш да ја знаат својата финансиска состојба и можностите кои ги имаат.

Ова се шесте навики на паметните жени кои умеат со финансиите:

Ја знаат својата вредност

Освен парите, тие знаат и каде целат во животот и како го прават тоа. Потребни се само неколку минути месечно со калкулатор за точно да пресметате и испланирате како ќе се движи вашата финансиска слика.

Запрашајте се, дали сакате да инвестирате во нешто или пак, поважно ви е да си обезбедите квалитетна пензија? Во зависност од одговорот треба да одлучите на кој начин ќе ги чувате своите заштеди, како и да изберете банка која зема минимални провизии за услугата која ви ја нуди.

Секогаш приоритет нека ви бидат тековните трошоци, како што се сметките за домот и плаќање на ратите кои ги должите. Остатокот можете да го чувате во банка или во пензиски фонд.

Не се расфрлајте со пари доколку не ви се подмирени сметките.

Го проверуваат својот буџет еднаш неделно

Многу полесно е да следите колку трошите ако правите неделни проверки. Водете сметка на што најмногу трошите пари и дали ви стигнува месечната плата за тоа. Секогаш контролирајте ја сумата на вашата заштеда.

Поставете си финансиски индикатори кои ќе ви укажат ако трошите премногу на одредени нешта и благодарение на кои ќе успеете да го „стегнете каишот“.

Запишувајте, водете списоци, направете долгорочен план на трошење и штедење, во кој ќе вклучите и одредена сума за непланираните вонредни трошоци, кои често ги рушат сите планови кои ги имаме.

6-naviki-na-zhenite-koi-umeat-so-parite-02.jpg

Се чуваат од непотребни трошоци

Сите оние ситни нешта кои ги купувате по ниска цена, кога ќе ги соберете на едно купче, даваат огромна сума која сте можеле да ја потрошите на нешто поважно за вас.

Затоа, мора да вклучите одредени промени во животот и да се воздржите од таквите непотребни трошоци. Секако, ефикасно е да водите списоци на што трошите и да почнете да ги исклучувате еден по еден тие трошоци.

За жал, проверката на реалноста може да биде сурова, бидејќи ќе сфатите дека најголем дел од парите ги трошите на подмирување сметки и купување храна, а многу помалку на нова облека и други задоволста.

Ја планираат исплатата на долговите

Речиси секој во животот нешто должи. Едни должат кирија, други рата за кредит, трети позајмица...

Кога ќе ви стигне новата плата, приоритет се токму овие трошоци, како и комуналните сметки. Секое доцнење или прескокнување на рата може да резултира со казнени камати или со блокирања на сметки или исклучување од снабдувањето со струја и слично.

Не го чекајте последниот ден од рокот за плаќање, туку направете го тоа веднаш штом ќе можете.

6-naviki-na-zhenite-koi-umeat-so-parite-03.jpg

Вложуваат во себе

Во даден момент, доколку правилно располагате со своите пари, ќе дојдете до одредена сума која можете да ја вложите во себе, како што се курсеви или нешто друго што ќе ви помогне во професионалниот развој или на личен план.

Ја чуваат заштедата за денови кога нема да имаат работа

Пензионирањето е значаен чекор во животот. Никогаш не е доцна да почнете да вложувате во пензиските столбови, но и да чувате одредена заштеда за тие денови.

Во која било фаза од животот, било да сте на почеток на кариерата или неколку години пред пензија, добро е да водите сметка за тоа како што подобро да се пензионирате и да живеете среќен и удобен живот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg