Тоблероне тунел - нов дел од телото кој девојките ќе го сликаат летово на плажа
На социјалните мрежи постојано се појавуваат нови трендови, кои најчесто девојките „слепо“ ги следат.
Најновиот бизарен хит кој го обзема Инстаграм е позата #tobleronetunnel со која може да се забележат сè повеќе фотки.
Всушност се работи за малиот празен простор во вид на триаголник, кој се наоѓа помеѓу бутовите.
Ѕвездите и блогерките го преплавија Инстаграм со фотки од нивното тело, на кои се истакнува „тоблероне тунелот“.
Сепак, постојат и голем број критики на овој бизарен тренд, кој предизвикува фрустрации кај девојките кои немаат „идеални“ облини, или пак кои заради структурата на телото не можат да го постигнат тој ефект.
https://www.instagram.com/p/BjNUGgBA5Ah/?tagged=tobleronetunnel
Но, тоа очигледно не ги засега девојките кои веќе имаат по неколку фотки со оваа поза:
М. М. | Црнобело