Генијално или чиста глупост - новиот тренд диктира да ги наредите книгите обратно
Многумина кои имаат големи домашни библиотеки имаат посебен систем на сортирање на книгите. Некои ги редат според автори, други според жанрови, а најголемиот дел ги подредуваат визуелно привлечни за окото, односно по големина и боја.
Новиот тренд кој го преплави Инстаграм предлага обратно подредување на книгите. Наместо за гледате во автори и наслови, ќе имате поглед кон обични бели страници.
Хаштагот #backwardsbooks предизвика вртење на очите кај многумина кои сметаат дека книгите се убави кога им се гледаат кориците, а не свртени за 180 степени.
Некои сметаат дека трендот е само за оние кои уживаат во чист минимализам и неутралност.
Сепак, мора да признаеме дека најголем дел од критичарите се во право и ќе ви биде потребно многу време да ја пронајдете книгата која ја барате.
Што мислите вие? Би ги наредиле ли книгите наопаку? Погледнете како тоа го направија следбениците на обратниот тренд на редење книги:
(О)Милена | Црнобело