12 докази дека светот е многу подобро место за живеење отколку што изгледа
90% од животните од центрите за животни скитници во Германија се вдомуваат
Во Германија дури 90% од животните скитници од центрите со одлични услови се вдомуваат од страна на семејства и живеат опкружени со љубов.
Јапонските снежни мајмуни се маваат со топки од снег за забава
Овие животни ја обожаваат зимата и често се маваат едни со други со топки од снег за забава.
Јапонски нуркач е пријател со риба веќе 25 години
Нуркачот Hiroyuki Arakawa пред 25 години за време на едно од неговите нуркања спасил риба од смрт и ја нарекол Yoriko.
По речиси три децении рибата го помни својот спасувач и кога тој нурка веднаш допливува да се дружи со него и му дозволува да ја милува и бакнува.
Младите Италијанци добиваат пари од власта за културни настани
Од 2016 година, секој 18-годишен човек во Италија може да користи т.н. „бонус за културни настани“ од 500 евра.
Овие пари младите треба да ги потрошат за посета на театри, концерти, музеи, купување книги итн.
Во песните на Битлси зборот „love“ е искористен 613 пати
Навистина ни одговара кога љубовта е инспирација.
Јапонец сам се грижи за голем број напуштени животни по инцидентот Фукушима
Naoto Matsumura живее во селото Tomioka, кое некогаш имало 16.000 жители, а по нуклеарната катастрофа во Фукушима е останат само тој.
Во неговата куќа нема струја, но тој не заминува и се грижи за многу коњи, мачки и кучиња напуштени од нивните сопственици. Тој е нивната единствена надеж.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





