Зошто мачките сакаат картонски кутии?
Многу луѓе се имаат прашувано зошто мачките сакаат кутии и што е тоа што ги привлекува, а сигурно и вие некогаш сте го забележале ова.
При првата шанса, дури и најголемата мачка ќе успее некако да влезе во најмалата кутија и да седи во неа со часови.
Но зошто мачките имаат потреба да се стиснат во мали картонски кутии?
Како што луѓето често го добиваат советот дека треба да размислуваат надвор од кутијата, кај мачките ситуацијата е токму спротивна.
Керол Вилбурн, е специјализиран терапевт за мачиња од Њујорк. Таа вели дека мачињата сакаат да размислуваат внатре во кутијата.
Според Вилбурн, на мачките им е многу удобно во тесен простор затоа што на тој начин се чувствуваат сигурно и доминантно, како да имаат контрола врз сопствената ситуација и безбедност.
Дел од причините зошто е така е поради тоа што кога биле во утробата на нивната мајка тие се чувствувале многу безбедно. На овој начин тие се чувствуваат недостижно, како никој и ништо да не може да допре до нив и само на тој начин се комплетно релаксирани.
Науката исто така може да ја потврди оваа теорија. Научници кои го истражуваат однесувањето на животнитем откриле дека степенот на чувствување стрес кај новородени мачиња, се намалува веднаш кога во близина имаат кутии.
Овие мачиња многу побрзо се приспособуваат на ново создадената ситуација на живеење, отколку оние кои немаат кутии и се повеќе изложени на надворешни влијанија.
Иако не се навистина толку заштитени колку што тие мислат дека се, со оглед на тоа што секој може да му се приближи и направи нешто кога е скриено во кутија, сепак нивната перцепција е дека тие се многу добро скриени и дека се изолирани од каква било опасност.
Свиткувањето во мал простор исто така има и други бенефити. Всушност, оваа практика им помага на мачињата да задржат повеќе телесна топлина.
Мачињата обожаваат да бидат на топло, затоа често можете да ги видите како седат врз радијатор, лаптоп или каков било уред од кој излегува топлина. Кога на мачето му е топло, тоа е релаксирано.
Иако можете да сретнете мачиња во било какви тесни простори, картонските кутии најчесто им ја даваат удобноста која навистина им треба.
Откриено е дека чувањето мачки има големи придобивки врз здравјето на сопственикот. Звукот кој го прават релаксираните мачиња има терапевтски ефект врз сопственикот и сите оние околу кои го слушаат, па ако вашето маче е релаксирано и вие ќе бидете со него.
А. В. | Црнобело