Трикови кои ќе ве спасат од непријатни ситуации во последен момент
Според некое непишано правило, непријатните изннадувања се случуваат секогаш кога најмалку треба.
Не можете да ја погодите шминката, а брзате да излезете на прослава, или се подготвувате за состанок и гледате дека панталоните ви се скинале и уште многу слични ситуации ни предизвикуваат нервоза и безизлезност.
Сепак, многу од овие ситуации не се безизлезни како што досега мислевте и постојат решенија и за нив, како и за многу останати.
Запомнете ги следниве трикови кои ќе ве спасат во непријатни ситуации во последен момент:
1. За брзо да ги нашминкате краевите на очите, користете течен туш за очи и со помош на отворот на шнола за коса, нацртајте го врвот.
2. Ако сакате прамени од косата да обоите во различна боја, користете сенки за очи. Тие се безопасни и лесно се мијат со шампон.
3. Можете да се ослободите од прашината на сликата со помош на леб. За разлика од сунѓерот, не го оштетува платното и ја враќа бојата.
4. Патентот на фармерките можете да го поправите за 7 минути. Само исечете мало делче на средината и сошијте ги двата краја.
5. За да одберете точни фармерки без да ги пробувате, проверете ја ширината на половината со подлактицата како на фотографијата.
6. Ако детето ги ичкртало ѕидовите со боички, исушете ги со фен и избришете со сува крпа.
7. Ако крајот на врвцата е расцвета, залеперте го со селотејп за да може да влезе во дупчето.
8. Извадете го фластерот без да остави трага и да ги извади влакненцата, со помош на фен.
9. За да не ја уништите облеката со шминка при облекување/соблекување, ставете кеса на главата.
10. Стариот растегнат џемпер може лесно да се претвори во стилско зимско фустанче.
Облечете го џемперот без ракави и потоа ракавите прекрстете ги кај грбот и донесете ги од напред каде ќе ги прицврстите со спојувалка.
11. Уште еден начин да одберете точна големина на фармерки – земете ги краевите кај коланот и свиткајте ги околу вратот. Ако се допираат – тоа е вашата големина.
12. Исправете ги гужвниците на облеката со помош на вода и фен, кога немате пегла.
13. Ако омилените фармерки одеднаш ви се смалиле и не можете да ги закопчате, искористете ластиче кое ќе го завртите околу копчето и дупчето, за да ги поврзете двата дела.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





