Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што можете да откриете за човекот според тоа како му е накитена новогодишната елка?

Голема или мала, зелена или шарена, со многу или малку лампиони... Каква елка накитивте во вашиот дом годинава?

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-01.jpg

Тече и последниот месец од годината, а празничната атмосфера започнува да се чувствува на сите страни.

Ако и вие сте еден од оние што веќе го накитија домот во новогодишно руво, па можеби и прикачија по некоја фотка на Инстаграм од своето дело, тогаш овој тест е дефинитивно за вас.

Според изгледот на вашата новогодишна елка, психологијата открива каква личност сте:

Големина

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-02.jpg

Минијатурни елки или пак само неколку гранки ставени во вазна наместо елка избираат луѓето кои апстрактно размислуваат. Тие го гледаат светот поинаку, а не како што „треба“ или како што е „прифатено“. Тие поставуваат невообичаени прашања и имаат многу идеи.

Големи елки избираат оние кои сакаат топлина во домот и ги ценат семејните вредности. Тие се луѓе кои темелно размислуваат за сите работи, добри животни учители се и експерти во многу сфери. Најчесто размислуваат критички, прават процени, педантни се и перфекционисти.

Материјал

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-05.jpg

Вештачки елки избираат луѓето во чии приоритети е да имаат придобивки од случувањата во нивниот живот. Тие прават пресметки и штедат не само кога се парите во прашање, туку и кога е времето, просторот, па дури и енергијата. Таквите луѓе лесно се адаптираат на околностите.

Природни елки избираат луѓето, кои сакаат релаксиран начин на живот. Тие не сакаат промени и ја ценат традицијата Сè во животот е предмет на анализа од страна на овие луѓе.

Боја

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-04.jpg

Зелени елки избираат луѓето кои сакаат класика и во животот не одат во екстреми. Тие се тврдоглави, практични и малку конзервативни во ставовите.

Елки во други бои избираат луѓето кои се постојани во непостојаноста. Но, никако не можеме да ги нарече површни. Тие само не сакаат правила, ја гледаат светлата страна и не се плашат од предизвици. Нивната желба за промена е манифестирана во разни експерименти и креирање на комбинации.

Број на лампиони

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-03.jpg

Многу лампиони на елката ставаат луѓето кои најчесто се снобови, но во добра смисла на зборот. Тие ја сакаат убавината на сите можни начини. Фини се и знаат да креираат добро расположение кај сите. Лесно може да бидат занесени од некоја работа што им се чини забавна во одреден миг.

Малку лампиони ставаат луѓето кои сакаат практичност секогаш и секаде. Тие имаат интолеранција кон пренатрупани работи, па таков поглед имаат и кон начинот на живот. Ги пречувствуваат проблемите долго пред да се случат.

Место за подароци

shto-kazuva-vashata-novogodishna-elka-za-vas-06.jpg

Подароци под елката оставаат луѓето кои во животот се строго насочени кон своите цели. Природно се смирени и имаат голема самоконтрола.

Подароци на рака даваат луѓето кои се директни, брзи и амбициозни. Тие не сакаат непотребни детали и често се нетрпеливи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg