Кои години од животот луѓето ги сметаат за најдобри?

Мотото дека најдобрите години во животот допрва доаѓаат е одлично, но ајде сепак да видиме кои години се прогласени за најдобри во животот.

koi-godini-od-zivotot-lugjeto-gi-smetaat-za-najdobri-01.jpg

Ако имате над 29 години, жал ни е… Вашите најдобри години во животот веќе поминаa. Едно неодамнешно истражување на мрежата YouGov,  направено на 2.000 луѓе над 20 години дојде до таков резултат.

30% од испитаниците одговориле дека 20-тите биле нивните најдобри години, додека само 16% одговориле дека 30-тите им биле најдобрите.

И, иако со тинејџерските години нè поврзуваат трауми со училиштето и хормонски промени, 12% од испитаниците ги прогласиле токму тинејџерските за најдобри години во нивниот живот.

Сепак, пред да почнете паничите, треба да знаете дека дел од испитаниците биле токму во нивните 20-ти години, па со оглед на тоа дека не искусиле друго, сметаат дека во моментот ги живеат најдобрите години.

Најголемиот дел од испитаниците во 30-тите години ги прогласиле 20-тите за најдобри, додека испитаниците кои биле во 70-тите и 80-тите години од животот, одговориле дека најдобри години им биле 40-тите.

Од друга страна пак, едно друго истражување на YouGov покажа дека 90% од лицата над 65 години уживаат во нивниот пензионерски период многу повеќе отколку што уживале во нивната последната декада од работниот век. Не е изненадувачки дека порелаксирачко е да одите на Водно со пријателите пензионери и да си садите цвеќиња во дворот отколку да се справувате со работните обврски во години кога работоспособноста ви е намалена.

Не знаеме што мислите вие за ова истражување, но ние сепак сакаме да живееме со мислата дека најдобрите години се тие што допрва треба да ги проживееме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Годините се само број: Фото-докази дека можете да се трансформирате на која било возраст Фото-споредбите од луѓе кои почнале да работат на себе подоцна во животот сигурн...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg